спрема
Вид збор: Предлог
Ранг: 2040
1.
За означување правец, управеност, свртеност кон нешто.
Англиски:
towards
Албански:
kah, drejt
Патот води спрема селото.
Потрчаа спрема шумата.
Се сврти спрема нив.
2.
За изразување на карактерот на односот кон некого или нешто.
Англиски:
towards
Албански:
ndaj, drejt, kundrejt
Нека се постапи еднакво спрема сите.
Љубовта спрема татковината.
Омразата спрема непријателот.
3.
според
Примери:
Спрема последните податоци.
Така е спрема законот.
Спрема него, не е така.
Спрема некои мислења.
Слично со:
според (предл.)
4.
спроти
Англиски:
against
Албански:
krahasuar me
Што е тој спрема него?
Таа е убавица спрема другарка си.
Слично со:
спроти (предл.)
5.
спроти, околу
Примери:
Умре спрема Велигден.
Во сабота спрема недела.