стапи
стапат; стапеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3519
1.
Постави нога врз нешто.
Примери:
Стапи на килимот.
На тој рид не стапила човечка нога.
Слично со:
згази (св.)
2.
Влезе некаде.
Примери:
Тогаш стариот првпат стапи кај нив.
Стапи во собата.
Досега не стапил кај нас.
Слично со:
влезе (св.)
3.
Стане член на некоја организација.
Примери:
Пред пет години стапи во задругата.
Стапи во Сојузот.
Стапи во членство.
4.
Во состав со предлогот „в“, „во“ и некои именки - започне да го остварува дејството означено со именката.
Примери:
Стапи во борба.
Стапи в брак.
Стапи во полемика, преговори, разговори и сл.
Слично со:
започне (св.)
5.
Во состав со предлогот „на“ и некои именки.
Албански:
hyn në
Стапи на должност.
Стапи на престол.
Стапи на (во) сила.
Стапи на сцена.