а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тегли

теглат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 21279
1. За спрегнато животно или друго средство со кое тоа се заменува.
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Воловите со мака ја теглеа колата.
2. Трга, влече во определен правец.
Англиски: pull Албански: nisem
Примери:
Го теглеше накај дуќанот.
3. трга, растегнува
Англиски: pull Албански: nduk
Примери:
Тегли жица.
4. вади, извлекува
Англиски: draw Албански: nxjerr
Примери:
На татка си сабја тегли.
5. страда, пати
Англиски: suffer Албански: duroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ние вечно си теглиме.
6. тргнува, поаѓа, патува
Англиски: travel Албански: nisem
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Утре рано теглиме за Куманово.
7. (се тегли) се трга
Англиски: withdraw Албански: tërheq
Примери:
Не се тегли со ништо.