тежок
тешки
Вид збор: Придавка
Ранг: 443
1.
Што има релативно голема тежина.
Примери:
Тешки пранги на нозете.
тежок пакет
Спротивно од:
лесен (прид.)
2.
Што има определена тежина; колку тежи.
Примери:
Тој е тежок 60 кг.
3.
масивен
Примери:
Тешка врата, тешки порти.
Таа ги продаде тешките и старомодни столови и купи нови.
Тешка свила (коприна).
Слично со:
масивен (прид.)
4.
Што има релативно голема сила.
Примери:
Има тешка рака (за мавање).
Веднаш го познаа по неговиот машки, тежок чекор.
Ти имаш потежок удар од мене.
Слично со:
силен (прид.)
5.
Со кој не се излегува лесно на крај.
Англиски:
difficult
Албански:
i vështirë
Има тежок од.
Стојан е многу тежок човек, со него не можеш лесно да ја свршиш работата.
Ти си тежок и во разговорот и во работата.
Има тешка рака за нешто, за некаква работа.
Многу тешка рака има за колење кокошки.
6.
Многу голем, сериозен, значителен.
Примери:
Тешка навреда. Тежок збор.
Тешки последици.
Тешка загуба.
Тешка грешка. Тежок грев.
Тежок злочин, престап.
7.
Мачен, тешко поднослив.
Примери:
Тежок јарем. Тешки даноци.
Тешка скапија.
Тешки времиња.
9.
За миризба - силен, тешко поднослив.
Примери:
Тешка миризба.
10.
Што се врши со напор, со мака; што изискува напор.
Англиски:
difficult
Албански:
këmbëngulës
Тешка работа. Тешка задача.
Тешка должност.
Тешко дишење.
Тешко прашање.
Слично со:
напорен (прид.)
11.
За човек - сериозен, авторитетен.
Примери:
Сите го почитуваат, зашто е тежок, сериозен човек.
12.
Со силно дејство.
Примери:
Тешко вино.
13.
длабок, мачен
Примери:
Тежок сон, тешко спиење.
Тешка судбина.
14.
За жена или женско животно - трудна, бремена.
Примери:
Мене ме тешка остави (нар. поез.)
15.
За оружје со силно дејство.
Примери:
Тешка артилерија.