а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тера

тераат; терал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 859
1. За добиток и превозно средство со спрегнат добиток.
Англиски: drive Албански: ngas
Примери:
Ела, ти терај ги воловиве, а мене дај ми ги коњите.
2. За превозно средство без запрега - управува.
Англиски: steer Албански: manovroj
Примери:
Тера велосипед, автомобил итн.
3. Движи, тера да работи.
Англиски: move Албански: lëviz
Примери:
Водата од јазот ја тера воденицата.
4. Во реченици со сврзникот „да“ - наговара, наведува, присилува.
Англиски: force Албански: detyrojë
Примери:
Вие ме теравте да се омажам за него.
Тера некого да работи, да лежи, да чека итн.
5. Води некого пред себе, присилувајќи го да оди напред.
Англиски: drive Албански: udhëheq
Примери:
Вчера ги тераа затворениците на работа.
Детето ги тераше говедата на пасење.
6. брка, истерува, пади
Англиски: chase Албански: ndjekje
Примери:
Јас одам кај него, но тој ме тера, не ме сака.
Еве веќе десет дена тераме арамии и никого уште не сме фатиле.
Тера дивеч.
7. истерува, вади, истуркува надвор
Албански: nxjerr
Примери:
(посл.) Клин клин тера.
8. Продолжува да прави, да врши нешто.
Англиски: carry on Албански: vazhdoj
Примери:
Јас ќе ја терам таа работа.
Ќе ја терам работата до крај.
Тера правина.
Ние по просто ќе си ја тераме, но, затоа пак, чесно.
Терај работа.
Тера инает, шега.
9. За растенија - исфрла, вади.
Англиски: grow Албански: rriten
Примери:
Тера пупки, лист.
10. Прави нешто со задоволство и во поголема мера.
Англиски: lead Албански: shpie
Примери:
Тера веселба.
Тера живот.
Тера гости.
11. Наведува на нешто.
Англиски: make Албански: cek
Примери:
Ова вино тера на спиење.
12. продолжува
Англиски: continue Албански: vazhdon
Примери:
Добро почнал, нека тера понатаму.
Тераше така некое време без помошник, најпосле пак ме повика.
13. Навлегува во извесна возраст.
Англиски: grow Албански: hyn
Примери:
Детето ја тера четвртата година (тера накај четири години).
14. расте, напредува, се развива
Англиски: grow Албански: rrit
Примери:
Сушата го фати тутунот, воопшто не тера.
15. дофрла, фрла
Англиски: reach Албански: hedh
Примери:
Оваа пушка тера подалеку од твојата.
16. (се тера) се тера, се гони
Англиски: chase Албански: ndjek
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Што ме гонеше мисла да ѝ се јавам повторно!
17. (за животни) се пари
Англиски: pair Албански: çiftohet
Употреба: Дијалектен збор , Зоологија
Примери:
Тие животни многу се терат.
Изрази
(разг.) Ни се тера, ни се води.
(разг.) Си ја тера работата.