технички
техничка
Вид збор: Придавка
Ранг: 3013
1.
Што се однесува на техника.
Примери:
технички прогрес
технички усовршувања
техничко училиште
Спротивно од:
природен (прид.)
2.
Што се однесува до работата на машините и механизмите; сврзан со опслужувањето на техниката на некое производство.
Примери:
Технички преглед на автомобил.
(разг.) Поради (од) технички причини.
техничка документација, техничка служба
Слично со:
машински (прид.)
3.
Што подлежи на ползување или обработка во индустријата.
Примери:
технички метали, технички масла
Слично со:
индустриски (прид.)
4.
Сврзан со професионални начини, со умешноста во исполнувањето на нешто.
Примери:
Техничката страна на едно дело, работа и сл.
технички навици
Слично со:
професионален (прид.)
5.
Што врши разни помошни работи во некаква дејност.
Примери:
Технички секретар, директор, уредник.
Слично со:
помошен (прид.)