Лингвистика - категорија

тавтологија повеќе

мн. тавтологии
Вид збор: Именка, женски род
Повторување на една и иста мисла со различни зборови.
Англиски: tautology Албански: tautologji
Примери:
Тој бил еден од оние што, пред да стапи во допир со светот на Македонците, недвосмислено ја прифатил грчката тавтологија за грчкиот карактер на Македонија.

таксономија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од лингистиката кој со помош на сегментирање и класификација на јазичните елементи ја опишува структурата на еден јазичен систем.

тезаурус повеќе

мн. тезауруси
Вид збор: Именка, машки род
Речник што го опфаќа целокупното јазично богатство на еден јазик.
Англиски: thesaurus

текстологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од лингвистиката што ги проучува текстовите како систем за комуникација.
Англиски: textology

термин повеќе

мн. термини
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз што точно означува определен поим во науката, техниката, уметноста и општествениот живот.
Англиски: term Албански: termë
Примери:
политички термин

терминологија повеќе

терминологијата
Вид збор: Именка, женски род
Целокупност од термини во една област.
Англиски: terminology
Примери:
правна терминологија

терминолошки повеќе

терминолошка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на терминологија.
Англиски: terminological
Примери:
терминолошки речник

технички повеќе

техничка
Вид збор: Придавка
За збор, израз - професионален.
Англиски: technical Албански: teknik
Примери:
технички израз (термин)

топоним повеќе

мн. топоними
Вид збор: Именка, машки род
Назив на некое географско место, месно име.
Англиски: toponym
Примери:
словенски топоним

топонимија повеќе

(едн.) топонимијата
Вид збор: Именка, женски род
Целокупност од месните имиња на дадена област.
Англиски: toponymy
Примери:
македонска топонимија

топономастика повеќе

(едн.) топономастиката
Вид збор: Именка, женски род
Дел од лексикологијата, кој ги изучува месните називи.
Англиски: toponomastics

топономастичар повеќе

мн. топономастичари
Вид збор: Именка, машки род
специјалист по топономастика

транскрипција повеќе

мн. транскрипции
Вид збор: Именка, женски род
Во лингвистиката - предавање на гласови од еден јазик или дијалект со букви, условни знаци поинакви од оние што се застапени во писмото на тој јазик; определен систем од такви знаци.
Англиски: transcription Албански: transkiptim

транслитерација повеќе

мн. транслитерации
Вид збор: Именка, женски род
Препишување текст напишан на писмото на еден јазик со замена на буквите со соодветните букви на писмото на друг јазик, при што не се зема предвид точниот изговор на гласовите.
Англиски: transliteration
Примери:
Транслитерација од кирилица во латиница.

транслитерира повеќе

транслитерираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши транслитерација.
Англиски: transliterate

триграф повеќе

мн. триграфи
Вид збор: Именка, машки род
Три букви што означуваат еден глас.
Англиски: trigraph

тријазичник повеќе

мн. тријазичници
Вид збор: Именка, машки род
Речник на три јазици.

туѓојазичен повеќе

туѓојазичниот
Вид збор: Придавка
Што е од туѓ јазик.
Примери:
Што е од туѓ јазик.

турколог повеќе

мн. турколози
Вид збор: Именка, машки род
Лингвист што ги изучува турските јазици.

туркологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги изучува турските јазици.

турцизам повеќе

мн. турцизми
Вид збор: Именка, машки род
Турски збор или фраза во македонскиот или друг јазик.
Албански: turqizëm
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш