топи
топат; топел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2345
1.
Прави нешто што е во цврста состојба да стане течно.
Примери:
Сонцето го топи мразот, снегот.
Топи руди, метали.
Топи маст.
2.
Прави некого постепено да слабее, да вене.
Примери:
Некаква мака него го топи.
3.
Нешто да недостасува, да се губи.
Примери:
Тага ќе топам на оро.
4.
(се топи) За цврсти, тврди тела - поминува во течна состојба.
Примери:
Мразот, снегот се топи.
6.
(се топи) Слабее бавно, постепено од мака, тага и сл.
Примери:
Се топи човекот, го јаде нешто.
7.
(се топи) Го опфаќа наполно некое чувство.
Примери:
Се топи од радост, милина и сл.
8.
(се топи) За нешто многу вкусно.
Примери:
Се топи в уста.
9.
Става нешто во течност; става на нешто течност.
Примери:
Топи коноп.
Таа ги топеше со вода сувите корки за да може да ги јаде.
Слично со:
мокри (несв.)