удри
удрат; удрам, удрете; удрил, удриле
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 544
2.
Мавне, нанесе удар.
Англиски:
hit
Албански:
godas, qëlloj
Го удри со кундакот во грбот.
Ако некој те удри еднаш, ти удри го двапати.
Слично со:
мавне (св.)
3.
тресне
Англиски:
knock
Албански:
godas, përplas
Го удри одземи.
Ако не го поправиш радиото, ќе ти го удрам од глава.
4.
убие, повреди
Англиски:
hurt
Албански:
vras, lëndoj
Си ја удрив ногата.
Слично со:
повреди (св.)
6.
избие, чукне, тропне, отчука
Англиски:
knock
Албански:
godas, bie, mshoj
Удри камбаната; удри дванаесеттиот час.
Удри дванаесет.
Удри неколку пати во портата, но никој не се јави.
Слично со:
тропне (св.)
7.
погоди
Примери:
Фрли со камен по него, но не го удри.
Болеста на детето многу тешко ги удри.
8.
стави, постави
Англиски:
put
Албански:
vendos, vë
Удри печат; удри темел.
(разг.) Ги удрија шаторите во ливадата.
На едниот ѕид му удри жолта боја, на другиот зеленикава.
Ги удри чевлите на калап.
Ги удри чевлите (на боја), ги очисти
Удри му го клучот на дуќанот и оди во Америка.
11.
Со именката како директен предмет.
Англиски:
beat
Албански:
bie, mshoj
И му удри десет боздогана.
Му удри шлаканица.
(разг.) Му удри еден убав ќотек (едно убаво тепање).
12.
закове
Англиски:
nail
Албански:
ngul, gozhdoj
Удри ѝ уште неколку шајки на штицата да држи подобро.
14.
тргне, се упати, сврти, скршне
Англиски:
turn
Албански:
fus, mshoj
Војникот бегаше едно време по патот, а потоа удри прекутрупа.
Удри в лево.
Му удри по трагата.
15.
почне
Примери:
Удри да плаче, удри да пие, да краде
Удри на живот и на веселба.
16.
сврти, тргне
Примери:
Прво пиеја ракија, а потоа удрија на вино.
(за боја) Пред некој ден ѕидот беше чисто жолт, а сега удри малку на црвено.
17.
(за болест, болка, мака) погоди
Примери:
Го удри дамла.
Болеста го удри во нозете.
18.
(само во 3 л. едн.) За дожд, град - почне.
Англиски:
start
Албански:
kërset, lëshoj
Удри дожд, удри град.
19.
скуси, одземе, смали
Примери:
Вистина, тој продава поевтино, но ќе ти удри на кантарот и пак толку ќе ти се фати.
20.
земе, дигне
Примери:
Удри нешто и откај жената кога умре дедо му.
22.
(се удри) се убие, се повреди
Англиски:
hurt
Албански:
vritem, lëndohem
Дали се удри, синко?
Го извади ножот и се удри в гради.
23.
(се удри) се судри
Примери:
Војските се удрија.
Возовите се удрија.
Изрази
(нар. поез.) Стани ми, лудо, та стани / ѕвездата удри, зора обзори.