црн
црни
Вид збор: Придавка
Ранг: 246
1.
Кој има боја на саѓи, јаглен.
Примери:
Носеше црна шамија.
Пишуваше со црно мастило.
црн флор, црна лента
2.
Кој има боја блиска до црната, кој е потемен во споредба со обичната боја.
Примери:
Имаше убаво црно лице.
Кога ќе ја отвореше устата, ќе му се видеа црните заби.
црн леб
3.
Кој е лишен од радост, тажен.
Примери:
Црни мисли му се вртеа во главата.
Слушна црни вести.
Црни денови (години) дојдоа.
Слично со:
тажен (прид.)
5.
негативен, лош
Примери:
Го опишува животот со црни бои.
Во својот црн вид.
црна судбина
6.
лош, зол, злокобен
Примери:
Црна се чума зададе.
7.
омразен, одвратен, непријатен
Примери:
По тој настан не можам веќе да го гледам, црн ми е пред очиве.
црни дела
8.
За работа, труд - неквалификуван, физички тежок.
Примери:
црн труд
црна работа
9.
Како составен дел на некои зоолошки и ботанички називи.
Англиски:
black
црна мечка
Црна дреновица – вид црно железо.
Црн даб (Quercus sessiliflora).
Црна црница (Morus nigra).
Црн пипер (Piper nigrum).
Изрази
Биволицата е црна, ама бело млеко дава.
И кафето е црно, ама е слатко.
За неговите (твоите, нејзините) црни очи – без некоја особена потреба.
Не прозбори ни црна ни бела.
Ќе му дојде црн петок.
Црн ден - вториот ден по празникот летен Св. Атанас.
Црн ден - несреќен ден.
Црн дроб - хепар.
Црн поп – игра со карти.
Црн список.
Црн фонд - скриени пари.
Црн како гавран, гламња, Ѓуптин, јаглен, катран, ќумур, ќутук.
Црна берза - нелегална трговија.
Црна кашлица.
Црна крв - венозна крв.
Црна металургија.
Црни метали.
Црно духовенство.
Црно злато – јаглен.
Црно на бело – писмен доказ, документ.
Црното бело, а белото црно го прави – ја извртува вистината.
Црното бело не бидува – не е возможно.
Црното грозје е послатко.
Чувај бели пари за црни дни.