а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чеша

чешаат; чешал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4805
1. Гребе, драска со нокти и каде што има јадеж.
Англиски: scratch Албански: gërvisht, kruj
Примери:
Си го чеша јазикот.
2. јаде, сврби
Англиски: itch Албански: kruarje
Примери:
Кај што те чеша твојата рака, не те чеша туѓата.
(разг.) Го чеша грбот - сака ќотек.
Ме каснал комарец па сега многу ме чеша.
Ако те чеша носот – ќе имаш караница со некого.
3. (се чеша) се гребе
Англиски: scratch Албански: gërvish, kruhem
Изрази
(посл.) Туѓата рака не чеша како својата.