шепа
мн. шепи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3735
1.
Долен дел од екстремитетите на некои цицачи.
Примери:
зајачка шепа
Неочекувано песот се смири; ги подаде предните нозе и ја потпре главата на шепите.
2.
Дланка и прсти на рака
Примери:
Студена пот го облеваше Арсо и дланката му се лизгаше во шепата на Глигор.
Слично со:
рака (ж.)
3.
голема рака
Примери:
Со своите тешки шепи ја грабна девојката.
4.
група од луѓе
Примери:
Судбината на земјата беше во рацете на шепа техничари и пилоти.
Слично со:
група (ж.)
5.
Количество што може да се фати со шепата.
Англиски:
handful
Го продаде за шепа сребреници.
Изрази
Стави шепа врз нешто - присвои.