а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јаболко

мн. јаболка
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1532
1. Плод од јаболкница.
Англиски: apple Српски: јабука Албански: mollë Бугарски: ябълка Грчки: μήλο
Употреба: Ботаника
Примери:
сочно јаболко
кисело јаболко
зелени јаболка
2. Поиздадена 'рскавица од гркланот на предниот дел од вратот кај маж.
Англиски: Adam's apple Албански: Arrëz fyti
Употреба: Анатомија
Примери:
Адамово јаболко
3. Поиздаден дел од лицето, под очите.
Англиски: cheekbone Албански: mollëz
Употреба: Анатомија
Примери:
Девојка со вцрвени јаболка на образите.
4. Тоа што по своја форма личи на јаболко.
Албански: mollë
Употреба: Преносно значење
Примери:
железно јаболко
Изрази
Забрането јаболко - нешто што не е дозволено и поради тоа е привлечно.
Јаболко на раздорот - предмет на некаков конфликт.
Му падна златно јаболко в рака - се ожени за убава и добра девојка.
Очно јаболко - анатомски назив за окото (bulbus oculi).
Црвливо јаболко - нешто што нема здрава основа.
Јапонско јаболко - суптропско овошно дрво со портокалово-црвени плодови со сјајна и мазна лушпа и со сочно портокалово месо; Diospyros kaki.
Изведенки
јаболче ср.
мн. јаболчиња
дем. и хип.