јаболко
мн. јаболка
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1532
2.
Поиздадена 'рскавица од гркланот на предниот дел од вратот кај маж.
Примери:
Адамово јаболко
3.
Поиздаден дел од лицето, под очите.
Примери:
Девојка со вцрвени јаболка на образите.
4.
Тоа што по своја форма личи на јаболко.
Примери:
железно јаболко
Изрази
Забрането јаболко - нешто што не е дозволено и поради тоа е привлечно.
Јаболко на раздорот - предмет на некаков конфликт.
Му падна златно јаболко в рака - се ожени за убава и добра девојка.
Очно јаболко - анатомски назив за окото (bulbus oculi).
Црвливо јаболко - нешто што нема здрава основа.
Јапонско јаболко - суптропско овошно дрво со портокалово-црвени плодови со сјајна и мазна лушпа и со сочно портокалово месо; Diospyros kaki.
Изведенки
јаболче ср.
мн. јаболчиња
дем. и хип.
мн. јаболчиња
дем. и хип.