а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јагода

мн. јагоди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8325
1. Повеќегодишно овошно растение со ситни, бели цветови и мали црвени мирисливи и сочни, месести плодови со тркалезна или овална форма.
Латински: Fragaria Англиски: strawberry Албански: dredhëz, lulështrydhe
Употреба: Ботаника
Примери:
Јагодите веќе цветаа.
2. Плод од тоа растение.
Англиски: strawberry Албански: dredhëz, lulështrydhe
Употреба: Гастрономија
Примери:
Јагодите беа крупни и слатки.
3. (обично мн.) Испакнат дел од лицето под очите, на горниот дел од образот.
Англиски: cheekbone Албански: mollëz
Употреба: Анатомија
Примери:
Издолжено лице со испупчени јаготки.
4. (обично во мн.) Заоблениот дел на прстите од внатрешната страна, врвот на прстите.
Англиски: fingertip Албански: majë e gishtit
Употреба: Анатомија
Примери:
Тој ги чувствуваше влажните јаготки од нејзините прсти.
На префалени јагоди не оди со голема кошница - кога нешто многу се фали треба да се сфати со резерва.
Фалени јагоди, празна кошница - кога за нешто се крева многу врева, често не излегува како што се очекува.
Изведенки
1. јагодичка ж.
мн. јагодички
дем.
2. јаготче ср.
мн. јаготчиња
дем.