Историја - категорија

дахија повеќе

мн. дахии
Вид збор: Именка, машки род
јаничарски старешина

декабрист повеќе

мн. декабристи
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во востанието од 1825 година на група благородници против самодржавјето во царска Русија.

делибаша повеќе

мн. делибаши
Вид збор: Именка, машки род
Турски старешина, заповедник, на коњаници (на делии) гардиски офицер.
Турски: delibaş

делија повеќе

мн. делии
Вид збор: Именка, машки род
Турски коњаник во султановата и везировата стража.
Англиски: horseman Турски: deli Албански: deli
Примери:
Делии со зелени чалми ги собираа машките деца и ги носеа кон Едрене.

денешен повеќе

денешни
Вид збор: Придавка
Што е од денес, што се однесува на денес.
Англиски: today's Албански: i sotëm
Примери:
денешен ден

денк повеќе

мн. денкови
Вид збор: Именка, машки род
Стара мера за тежина, една четвртина од драмот.
Албански: njësi e vjetër matëse, denk
Примери:
Златарите го мереле златото со драмови, денки на прецизни терезии.

десеток повеќе

мн. десетоци
Вид збор: Именка, машки род
Данок во натура, десетти дел.
Англиски: tenth
Примери:
Собирање десеток.

деспот повеќе

мн. деспоти
Вид збор: Именка, машки род
Царски намесник во Византија; титула на владетел во некои средновековни држави.
Англиски: despot Албански: tirani

деспотство повеќе

мн. деспотства
Вид збор: Именка, среден род
Држава, покраина под владеење на деспот.
Англиски: despotism Албански: territor nën sundimin despot

дефтер повеќе

Види и: тефтер (м.)
мн. дефтери
Вид збор: Именка, машки род
Книга што е водена во турскиот период.
Англиски: logbook Турски: defter
Примери:
Турски дефтери.

диван повеќе

мн. дивани
Вид збор: Именка, машки род
Турски царски совет, турска влада.
Англиски: divan Албански: divan, këshill
Примери:
Ферман што го испрати царскиот диван.

дилижанса повеќе

мн. дилижанси
Вид збор: Именка, женски род
Голема затворена кочија со коњи, која служела за превоз на патници и на пошта.
Англиски: diligence carriage
Примери:
Со дилижанса допатува до Битола.

другар повеќе

мн. другари
Вид збор: Именка, машки род
Општ назив за обраќање (кон името, презимето, звањето) од времето на ослободителното движење и на социјалистичкото уредување (до 1990).
Англиски: comrade Албански: shok
Примери:
Другарот Тито

дужд повеќе

мн. дуждови
Вид збор: Именка, машки род
Титула, звање на државен главатар во Венеција и Џенова.
Англиски: doge
Примери:
Повелбата на дуждот.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш