Историја - категорија

ладино повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Традиционален јазик на сефардските Евреи во Османлиското Царство.
Англиски: ladino

лајтнант повеќе

мн. лајтнанти
Вид збор: Именка, машки род
Офицерски чин.
Англиски: lieutenant

латински повеќе

латинска
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Рим или Римската Империја.
Англиски: latin
Примери:
латински јазик

латифундија повеќе

мн. латифундии
Вид збор: Именка, женски род
голем земјиштен имот
Примери:
Достапноста на платена работа се намалила поради зголемената употреба на странски робови и зголемувањето на латифундијата.

легат повеќе

мн. легати
Вид збор: Именка, машки род
Пратеник кај старите Римјани.
Англиски: legate Албански: legat, deputet te Romakët e lashtë

легија повеќе

мн. легии
Вид збор: Именка, женски род
Поголема воена единица кај старите Римјани.
Англиски: legion Албански: legjion
Примери:
Оттука врвеле римските легии.

легион повеќе

Види и: легија (ж.)
мн. легиони
Вид збор: Именка, машки род
легија
Англиски: legion

легионер повеќе

мн. легионери
Вид збор: Именка, машки род
Војник во староримска легија.
Англиски: legionnaire Албански: legjionar

ленинист повеќе

мн. ленинисти
Вид збор: Именка, машки род
Следбеници на ленинистичката теорија со која се коригираат прогнозите на марксизмот.
Англиски: Leninist
Примери:
марксисти и ленинисти
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш