пазар (м.)

Доказ ми беше средселото во неделите на пазар.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Една неделина, кога Трајко си дојде од пазар, каде што беше пратен од браќа си да продаде јагниња и направи арч за вршење, се собраа сите петина да видат што донесол пазарџијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дуќаните се со затворени ќепенци, тезгите на пазарот се покриени и затоа не се слуша и не може целосно да се почувствува зазбивтаниот пулс на ова морско пристаниште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше ошел ти на пазар во Прилепа града да продадеш осмак жито, жито и пченица...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
„Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По тие зборови си ги спрегнале коњите и си заминале на пазар.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да ги приватизираат претпријатијата ако немаат пазари за своите ресурси?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој смета дека казнувањето на наркоманите во американските градови едноставно создава примамлив и опасен пазар кој се шири и вон границите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уште долго време ми бучеа ушите од цркотниците на пазарот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Според систематизацијата на работните места, Авдиќ работеше како референт во комерција задолжен за следење на побарувачката, известување за цените и начинот на дистрибуција на производите на пазарот во главниот град и во Косово и често одеше на службени патувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа ќе потрае сѐ додека долговите не бидат платени, сѐ додека американското стопанство не биде способно своите задолжувања да ги намалува со зголемување на порезот и со мерки на штедење, сѐ додека европското стопанство не биде способно своите пазари да ги проширува на големи пространства, сѐ додека техничкиот напредок не ги деблокира кочниците што го закочуваат светското стопанство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Всушност преминот од глетки и звуци кон симболи и бројки е премин за кој оние со хуманистичка склоност тврдат дека не може осмислено да се спроведе потаму од удобството на физичката лабораторија, или можеби, паркетот на финансискиот пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Некои ненапишани песни извесно време се по патничките торби на пазар, за да се издвојат симболите од цените меѓу нераскренатите здолништа и мирисите кои исчезнуваат меѓу каишите разлабавени како случајни желби меѓу знаците за распознавање заштитени со поединостите од сонот според ноктите, грбот и забите според нозете и легенот го менуваат описот на младоста и се подготвуваат еден ден под којзнае кој агол и облик да се јават :
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој очигледно смета дека кривичните дела сторени од страна на наркоманите главно или во потполност се предизвикани од потребата да купуваат дрога по високи цени на црниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дел од ова производство ќе биде наменето за извоз, а дел за консумација на бугарскиот пазар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На списокот за пазар детално наведени неделните потреби.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тој капар нема да се есапи во пазарот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некој пат ќе одел на пазар, тики ако му се најдеа повечко пари, два-три дни не си идел ни во најсилната работа дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пазарот на зеленчукот и овошјето беше осиромашен, зашто тој веќе е префрлен во новите постројки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе