седи
седат, седете; седев, седеше, седеа; седел; седен; седејќи: седење; седов, седоа
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 244
1.
Се наоѓа во неподвижна положба со потпрени задни делови на телото.
Примери:
Седи на стол.
Седи на маса.
Седи на земја.
Седевме покрај огнот, седеше на балконот.
Ни оди, ни седи.
2.
Се наоѓа во состојба на бездејност, одмор.
Англиски:
rest
Не може да седи без работа.
Слично со:
одмара (несв.)
3.
Се наоѓа некаде постојано или подолго време.
Англиски:
spend
Цел ден седи дома, никаде не излегува.
5.
Се наоѓа на нозе.
Што седиш тука?
Изрази
(посл.) Кој седи под круша, тој јаде круши.
(разг.) Криво седи, право суди.
Седи мадро, да не носиш модро (како закана за дете) а може да има и смисла на поговорка: покорна глава сабја не ја сече.
Седи си мирен, да не бидеш биен.
Седи (по) турски (со скрстени нозе).
Седи на два стола.
Седи со здравје!
Седи како на игли (трње, клинци).
(посл.) Село фали, в град седи.
(посл.) Залудо работи, залудо не седи.