видат
Вид збор: Глагол, свршен
(се виде) Се почувствува некако.
Примери:
Се виде себеси невеста.
Вид збор: Глагол, несвршен
Ми (ти, му...) посакува; има желба.
Примери:
Ми доаѓа да заплачам од радост.
обзема, исполнува
Примери:
Одвреме-навреме само по себе му доаѓаше еден вид спокојство.
доживеат
Вид збор: Глагол, свршен
почувствува, восприеми
Примери:
Тие зборови ги доживеал како искрена исповед на стар пријател.
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му ...) Добие некакво расположение.
Примери:
Му дојде жал.
знам
Вид збор: Глагол, несвршен
(обично со негација) Не чувствува, не преживува.
Примери:
Тој не знае за страв.
најдат
Вид збор: Глагол, свршен
(се најде) се почувствува
Примери:
Од тоа прашање се најде навреден.
осетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се осети) се почувствува
Примери:
Тогаш се осетив силен.
Вид збор: Глагол, свршен
Осети, почувствува малку, донекаде.
Примери:
Се поосети здрав и веднаш излезе надвор да игра.
пофатат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати нежно, внимателно; напипа (со прсти) нешто.
Примери:
Го пофати штофот и рече дека не е волнен.
Вид збор: Глагол, свршен
Осети нешто.
Примери:
Почувствува болка во градите.
(се почувствува) Доживее некакво чувство.
Примери:
Се почувствува виновен.
преживуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
се соживее, сочувствува
Примери:
Артистот треба да ја преживува својата улога.
станат
Вид збор: Глагол, свршен
Во состав со кратка дативна заменска форма и прилог.
Примери:
Ми стана непријатно.
чувствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испитува, доживува некакво чувство.
Примери:
Чувствува радост, мака, жал, омраза и сл.
(се чувствува) Има чувство за нешто.
Примери:
Како се чувствуваш?