Земјоделство - категорија

хемизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Искористување на резултатите од хемијата а во индустријата и земјоделството.
Примери:
Хемизација на технолошкиот процес, на земјоделството.

хербицид повеќе

мн. хербициди
Вид збор: Именка, машки род
Отров што уништува несакана вегетација.
Англиски: herbicide

хибридизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вкрстување на различни видови растенија или животни за да се добијат нови, поквалитетни видови.
Англиски: hybridize Албански: hibridizim

хидросистем повеќе

мн. хидросистеми
Вид збор: Именка, машки род
систем за наводнување
Англиски: hydro system
Примери:
До нив допираат водите од регионалниот хидросистем и земјата е исклучително плодна.

хранилка повеќе

мн. хранилки
Вид збор: Именка, женски род
Сад или определено место каде што се става, дава храната за домашни животни или за дивеч во природата.
Англиски: feed rack
Примери:
хранилка за пилиња

хумус повеќе

(едн.) хумусот
Вид збор: Именка, машки род
Земја настаната од распаѓањето на животински и растителни материи, горниот слој на почвата.
Англиски: humus
Примери:
А корењата на којзнае кога закланите стебла не го пуштале од грчот на своите прсти стврднатиот хумус.

хумусен повеќе

хумусниот
Вид збор: Придавка
Кој содржи хумус.
Примери:
Хумусна почва.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш