Земјоделство - категорија

царевица повеќе

Види и: царевка (ж.)
мн. царевици
Вид збор: Именка, женски род
царевка, пченка
Англиски: corn Албански: misër, kallamboq

царевковина повеќе

(едн.) царевковината
Вид збор: Именка, женски род
Стеблото на пченката; слама од пченка.
Албански: kërcyell misri

цвеќарник повеќе

мн. цвеќарници
Вид збор: Именка, машки род
Градина во која се одгледуваат цвеќиња.
Англиски: flower garden

целина повеќе

целината
Вид збор: Именка, женски род
Необработена или запуштена земја.
Англиски: fallow Албански: lendinë, fushë

целинка повеќе

мн. целинки
Вид збор: Именка, женски род
лединка
Англиски: meadow Албански: lëndinë

цетка повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Прскалка за поливање цвеќе.
Англиски: watering can

црвенка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
крупна црвена пченица
Англиски: corn Албански: lloj gruri

цресло повеќе

мн. цресла
Вид збор: Именка, среден род
Остро железо над палешникот на рало, ја сече земјата и го определува правецот.
Примери:
Мажите извадија од пазувите кој стап, кој цресло, кој жегол и удрија по силниците.

црешак повеќе

мн. црешаци
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што има многу црешови дрвја, овоштарник со цреши.
Англиски: cherry orchard

црневица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Плодна темна земја богата со органски материи.
Англиски: humus
Примери:
Сето поле е црневица.

црница повеќе

мн. црници
Вид збор: Именка, женски род
Плодна темна земја богата со органски материи.
Англиски: humus Албански: humus

црнозем повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Плодна темна земја богата со органски материи.
Англиски: humus soil

црноземен повеќе

црноземна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на земја (почва) црница.

црцало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
ралник
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш