talk - онтологија

алашвериш повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Тајно договарање, разговор.
Албански: bisedim
Употреба: Архаизам
Примери:
Си имаат тие алашвериш.

беседи повеќе

беседат
Вид збор: Глагол, несвршен
Долго разговара.
Албански: flet gjatë
Употреба: Иронично
Примери:
Тие беседеа со мезе и со пијачка, како да врзуваа некакви кумства.

глаголи повеќе

глаголат
Вид збор: Глагол, несвршен
зборува, разговара
Примери:
Монахот глаголеше молитва.

говори повеќе

говорат
Вид збор: Глагол, несвршен
зборува
Албански: flas

гугне повеќе

гугнат
Вид збор: Глагол, свршен
(обично негирано) прозбори, зборне
Албански: flas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Стоеше така и ни да гугне.

дозбори повеќе

Види и: збори (несв.)
дозборат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со зборување.
Албански: mbaroj me të folur
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Дозбори и си тргна кон дома.

дума повеќе

думаат
Вид збор: Глагол, несвршен
зборува
Албански: flas
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Думај што да правиме.

заговара повеќе

заговараат
Вид збор: Глагол, несвршен
заговори
Албански: bisedon

заговори повеќе

Види и: говори (несв.)
заговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да говори.
Албански: bisedon
Примери:
Првпат сега заговорија на таа тема.
Почне разговор со некого.
Албански: bisedon
Примери:
Тој ја запре жената и се обиде да ја заговори.

задума повеќе

Види и: дума (несв.)
задумаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дума.
Албански: flas
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Задума пред насобраните селани.

зазборува повеќе

Види и: зборува (несв.)
зазборуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да зборува.
Албански: bisedon
Примери:
Ниеден не сакаше прв да зазборува.
Задржи некого во разговор, одврати внимание некому од нешто друго.
Албански: flas në
Примери:
Ти ќе го зазборуваш чуварот, а јас ќе влезам внатре.
(се зазборува) Се занесе во разговор.
Албански: bisedon
Примери:
Многу се зазборувавме и не забележавме кога поминало времето.

замуабети повеќе

Види и: муабети (несв.)
замуабетат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прави муабет.
Албански: bisedoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Двете жени гласно замуабетија.
(се замуабети) Се занесе во муабет.
Албански: bisedoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Се замуабетивме и не видовме кога помина полноќ.

заприкаже повеќе

заприкажат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прикажува.
Албански: flas
Примери:
Ќе заприкаже и се некој ќе го прекине.

заусти повеќе

заустат
Вид збор: Глагол, свршен
Отвори уста да каже.
Примери:
Заусти да каже, но се прекина.

збор повеќе

мн. зборови
Вид збор: Именка, машки род
Разговор, зборување, нешто што е кажано.
Албански: bisedë
Примери:
Hа средбата ќе стане збор за актуелни прашања.

збори повеќе

Види и: зборува (несв.)
зборат
Вид збор: Глагол, несвршен
зборува
Албански: flas

зборка повеќе

зборкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува по малку, тивко.

зборне повеќе

зборнат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто малку.
Примери:
Зборни нешто, цело време молчиш.

зборува повеќе

зборуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има способност усно да се изразува; владее со определен јазик.
Албански: bisedon
Примери:
Детето веќе зборуваше.
Се пројавува, се искажува во нечии постапки, зборови; се гледа, може да се види од нешто.
Албански: tregon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од неа зборува една длабоко осамена душа.

изназборува повеќе

Види и: назборува (св.)
(се) изназборуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изназборува)
Албански: llafos, flet
Примери:
Не можеме да се изназборуваме, не сме се виделе одамна.

конуштиса повеќе

(се) конуштисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се состане, се виде, разговара со некого.
Турски: konuşmak Албански: zakohet, shihet
Употреба: Разговорно
Примери:
Се сретнале и се конуштисале за свадбата.

лакрдија повеќе

мн. лакрдии
Вид збор: Именка, женски род
збор, разговор
Албански: fjalë, bisedë
Употреба: Архаизам
Примери:
Две-три лакрдии.

лаф повеќе

мн. лафови
Вид збор: Именка, машки род
разговор
Албански: llafosje
Употреба: Разговорно

лафи повеќе

лафат
Вид збор: Глагол, несвршен
разговара
Албански: bisedon, llafos
Употреба: Разговорно
Примери:
Не се лафи така со везири.

муабет повеќе

мн. муабети
Вид збор: Именка, машки род
разговор, разговарање
Турски: muhabbet
Употреба: Разговорно
Примери:
Ти дојдов на муабет.

наговори повеќе

наговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже, назборува многу, сешто.
Албански: flet
Примери:
Му наговори сѐ што чул тие денови.
(се наговори) Се изнакаже, се назборува.
Албански: shpreh

наговорува повеќе

(се) наговоруваа
Вид збор: Глагол, несвршен
Се изнакаже, се назборува.
Примери:
Повеќе од два часа се наговори за својата мака.

надума повеќе

надумаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се надума) Се изнакаже, се изназборува.
Албански: flas deri në fund
Употреба: Дијалектен збор

накаже повеќе

накажат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже многу нешта, изнакаже, назборува.
Албански: flas
Примери:
Што не ми накажа, ми се смачи да го слушам.

наприкаже повеќе

наприкажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наприкаже) Помине подолго време во пријатен разговор, се изнакаже до задоволување.
Албански: llafos mjaft
Примери:
Убаво се наприкажавме, време е за одење.

поговори повеќе

поговорат
Вид збор: Глагол, свршен
поразговара, позборува
Примери:
Поговори малку со децата и ги испрати на училиште.

позборува повеќе

Види и: зборува (несв.)
позборуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Зборува, разговара со некого малку, кратко време.
Албански: flas, bisedoj
Примери:
Си позборуваа за децата.

полафи повеќе

Види и: лафи (несв.)
полафат
Вид збор: Глагол, свршен
Позборува малку, некое време.
Употреба: Разговорно

помуабети повеќе

Види и: муабети (несв.)
помуабетат
Вид збор: Глагол, свршен
поразговара
Употреба: Разговорно
Примери:
Дојди да се видиме и да си помуабетиме.

поразговара повеќе

Види и: разговара (несв.)
поразговараат
Вид збор: Глагол, свршен
Разговора малку, кратко време.
Албански: bisedoj pak
Примери:
Новинарите можат да ги сретнат пратениците и да поразговараат со нив.

поразговори повеќе

Види и: разговори (св.)
поразговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Поведе разговор, стапи во разговор со некого.
Примери:
Оди да го поразговориш гостинот.
(се поразговори) Се разговори малку со некого.
Примери:
Седнале и се поразговориле.

предума повеќе

предумаат
Вид збор: Глагол, свршен
продума, проговори
Албански: flas
Употреба: Дијалектен збор , Народна поезија , Ретко
Примери:
Не молчи, предумај нешто.

провреви повеќе

Види и: вреви (несв.)
провреват
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да зборува.
Албански: filloj të flas
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Инсан нема да провреви.

проговори повеќе

проговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да зборува.
Албански: filloj të flas
Примери:
Старецот одвај проговори.

прозборува повеќе

мн. прозборуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да зборува (по молчење).
Албански: flet
Примери:
Ги отвори очите и тивко прозборува.
Проговори, каже, признае под принуда.
Албански: tregoj
Примери:
Осомничениот по два дена прозборува.
(се прозборува) Почне да се зборува.
Албански: filloi të flas
Примери:
Се прозборува сешто за неа во маалото, но таа се правеше дека не слуша.

проусти повеќе

проустат
Вид збор: Глагол, свршен
Прозбори, каже нешто.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Потстана и проусти плашливо, но доста гласно.

разговара повеќе

Види и: разговори (св.)
(се) разговараше
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разговори
Албански: bisedon

разговор повеќе

мн. разговори
Вид збор: Именка, машки род
беседа
Албански: predikim
Примери:
Дојдоа синоќа на разговор.

разговори повеќе

разговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Поведе разговор, стапи во разговор.
Албански: bisedon, flet, llafos
Примери:
Да се види и разговори со некоја жена.

разговорка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
разговор
Албански: bisedë, muhabet
Примери:
Дојдоа на разговорка.

раздума повеќе

Види и: дума (несв.)
(се) раздумат
Вид збор: Глагол, свршен
се раззборува
Албански: flas
Примери:
Многу си се раздумала пред децата.

расправа повеќе

Види и: расправи (св.)
(се) расправаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расправи
Албански: diskutim
Примери:
Се расправа дека ќе дојде и тој.