Образование - категорија

шестокласник повеќе

мн. шестокласници
Вид збор: Именка, машки род
Ученик од шести клас.

шестокласничка повеќе

мн. шестокласнички
Вид збор: Именка, женски род
Ученичка од шести клас.

школа повеќе

мн. школи
Вид збор: Именка, женски род
Завод, установа каде што се учи, училиште; се употребува претежно за специјално училиште.
Англиски: school Албански: shkollë
Примери:
балетска школа
Учениците што учат во една школа.
Англиски: school Албански: shkollë
Примери:
Целата школа беше на екскурзија.

школарина повеќе

(едн.) школарината
Вид збор: Именка, женски род
школска такса
Англиски: school fees

школија повеќе

мн. школии
Вид збор: Именка, женски род
школа
Англиски: school

школник повеќе

мн. школници
Вид збор: Именка, машки род
ученик
Англиски: student, scholar
Примери:
Секое лето школниците се враќаа во селото.

школо повеќе

Види и: школа (ж.)
мн. школи
Вид збор: Именка, среден род
школа
Англиски: school Албански: shkollë

школски повеќе

школска
Вид збор: Придавка
Што е на школата; што се однесува на школа.
Примери:
Школски двор.
Што се применува во школа, што е карактеристичен за школа; што му е својствен на ученик.
Англиски: educational
Примери:
Школска (ученичка) интерпретација.

школство повеќе

(едн.) школството
Вид збор: Именка, среден род
Гранка од просветата што ги опфаќа школите.
Англиски: education
Примери:
основоположници на школството

школува повеќе

школуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Учи, даде некого да учи на училиште.
Англиски: teach Албански: arsimoj, mësoj
Примери:
(Ги) школува свои(те) деца.
(се школува) Се учи, учи во училиште, во школа.
Англиски: educate Албански: arsimohem, mësoj
Примери:
Каде си се школувал?

школуван повеќе

школувани
Вид збор: Придавка
Кој учел школа.
Англиски: educated

школувано повеќе

Вид збор: Прилог
школуван
Англиски: educated

школување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) школува
Англиски: education
Примери:
За време на школувањето.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш