Филозофија - категорија

идеал повеќе

мн. идеали
Вид збор: Именка, машки род
Нешто совршено, образец за совршенство.
Англиски: ideal Албански: ideal

идеализам повеќе

(едн.) идеализмот
Вид збор: Именка, машки род
Учење според кое основа на сѐ што постои во светот е духот, идејата, а не материјата.
Англиски: idealism Албански: idealizëm

идеалист повеќе

мн. идеалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на идеализмот.
Англиски: idealist Албански: idealist

идеалистички повеќе

идеалистичкиот
Вид збор: Придавка
Без осет за реалноста.
Англиски: idealistic
Примери:
идеалистички сфаќања

идеја повеќе

мн. идеи
Вид збор: Именка, женски род
Одраз на стварноста во нашата свест како производ на мислењето; претстава, поим за нешто.
Англиски: idea Албански: ide

индуктивен повеќе

индуктивниот
Вид збор: Придавка
Што се добива или што е добиен по пат на индукција.
Англиски: inductive
Примери:
Индуктивен метод.

индуцира повеќе

Види и: дедуцира (св. и несв.)
индуцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Од поединечно извлече заклучок за општото.
Англиски: induce

ирационализам повеќе

(едн.) ирационализмот
Вид збор: Именка, машки род
Идеалистичко сфаќање според кое е невозможно светот и животот да се спознаат со разум, туку само преку интуицијата, инстинктот и чувството.
Англиски: irrationalism
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш