Филозофија - категорија

теза повеќе

мн. тези
Вид збор: Именка, женски род
Основна поставка во труд, искажување или спор.
Англиски: thesis Албански: tezë

телеологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Посебно идеалистичко учење за целесообразноста на сè во природата.
Англиски: teleology

трансцендентален повеќе

трансцендентални
Вид збор: Придавка
априорен
Англиски: transcendental
Производ на субјективниот ум.
Англиски: transcendental
Примери:
Кант ја разработил својата филозофија позната како трансцендентален идеализам.

трансцендентен повеќе

трансцендентни
Вид збор: Придавка
Вон Аристотеловите категории на схоластичката филозофија.
Англиски: transcendental
Во Кантовата филозофија тоа што не може да се доживее.
Англиски: transcendental

трансценденција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е вон реалното искуство, што не може да се разбере со нормалниот разум.
Англиски: transcendency Албански: transcendencë, përsosmëri
Примери:
Трансценденцијата на нашето постоење.
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш