Хемија - категорија

најлон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Синтетична суровина од која се произведуваат разни предмети (чорапи, падобрани).
Англиски: nylon Албански: najlon

налогодавач повеќе

мн. налогодавачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што го издал налогот.
Англиски: issuer of order
Примери:
Тој е налогодавач и нарачател.

натриум повеќе

(едн.) натриумот
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент, мек сребреникавобел метал.
Латински: Natrium (Na) Англиски: sodium
Примери:
Натриумот е алкален метал.

нафталин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Кристална бела материја со остар мирис, се употребува за заштита на волнени и крзнени предмети од молци и за производство на бои и други органски хемиски соединенија.
Англиски: naphtalin
Примери:
тежок здив на нафталин

неметал повеќе

мн. неметали
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент што не припаѓа кон металите.
Англиски: nonmetal
Примери:
во новиот рудник за неметали

неон повеќе

(едн.) неонот
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент од групата на благородните гасови, кој гори со портокаловоцрвена светлина и се употребува за оcветлување во неонски цевки и за светлосни реклами.
Латински: (Ne) Англиски: neon

неутрален повеќе

неутрални
Вид збор: Придавка
Што не дава ни базична, ни кисела реакција.
Англиски: neutral
Примери:
неутрален раствор

неутрализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Уништување на киселите својства на раствор со помошта на база, а на базичните со помошта на киселина.
Англиски: neutralization Албански: neutralizim

никел повеќе

(едн.) никелот
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент, сребрестобел метал што има широка употреба во техниката.
Латински: Nickel (Ni) Англиски: nickel

никотин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Безбојна маслена материја, силен отров, наркотик кој се содржи во тутунот.
Англиски: nicotine

нитроген повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
азот
Латински: Nitrogenuium (N) Англиски: nitrogen

нитроглицерин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Органско соединение, моќен експлозив и состојка на повеќето форми на динамит, безбојна, маслена, малку токсична течност со сладок вкус.
Англиски: nitroglycerine Албански: nitroglicerinë

нишадор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Кристална материја со солено-горчлив вкус, се употребува во медицината и во техниката (амониумов хлорид).
Латински: NH4Cl Англиски: salmiac Турски: nişadır
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш