Хемија - категорија

аеросол повеќе

мн. аеросоли
Вид збор: Именка, машки род
Ситни честички и течност распределени во воздухот.
Англиски: aerosol
Примери:
Во студии е покажано дека настинката се пренесува преку партикули од аеросол.

азот повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Гас без боја, мирис и вкус, една од главните состојки на воздухот.
Латински: Nitrogenium (N) Англиски: nitrogen

азотен повеќе

азотниот
Вид збор: Придавка
Што содржи азот како главен елемент.
Примери:
азотни ѓубрива

акрил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски произведено влакно што се користи во текстилната идустрија.
Англиски: acryl

акрилен повеќе

Види и: акрил (м.)
акрилни
Вид збор: Придавка
Произведен од акрилна киселина.
Англиски: acrylic
Примери:
акрилна боја

албумин повеќе

мн. албумини
Вид збор: Именка, машки род
Белковина што е составен дел на животинските и растителните организми.
Англиски: albumin
Примери:
Албумините се растворливи во вода.

албумински повеќе

албуминскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на албумин.
Примери:
албумински тест

алкален повеќе

алкални
Вид збор: Придавка
Што се однесува на алкалии или на елементи од првата група на периодниот систем.
Англиски: alkaline
Примери:
Натриумот и литиумот се алкални елементи.

алкалии повеќе

алкалиите
Вид збор: Именка, множина
Материи со базично дејство.
Англиски: alkali
Примери:
Тој делувал на сапун, кој се добивал со загревање на мастите со алкалии, со киселина и издвоил масна киселина.

алкалоид повеќе

мн. алкалоиди
Вид збор: Именка, машки род
Група на најчесто базни органски соединенија.
Англиски: alkaloid
Примери:
Алкалоидите се нашироко распространети кај растенијата.

алкохол повеќе

мн. алкохоли
Вид збор: Именка, машки род
Безбојна, испарлива и запалива течност добиена со дестилација на шеќери.
Англиски: alcohol Албански: alkool
Примери:
Алкохолот се користи како составен дел од некои лекови.

алуминиум повеќе

(едн.) алуминиумот
Вид збор: Именка, машки род
Елемент од групата лесни метали со сребренобела боја.
Латински: Alumen (Al) Англиски: aluminum
Примери:
Тој од ситни парчиња месинг и алуминиум, изработуваше мали гривни за рацете и за нозете.

алхемија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Средновековна хемија која се занимавала со барање „камен на мудроста“ и „еликсир на животот“.
Англиски: alchemy

амалгам повеќе

мн. амалгами
Вид збор: Именка, машки род
Легура од жива со други метали.
Англиски: amalgam Албански: zhivë
Примери:
На овој начин се создава амалгам на живата со калиумот.

амалгамира повеќе

амалгамираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави амалгам, спои, спојува цврсто и неразделно.
Примери:
Постапното загревање ги амалгамира живата и натриумот.

аминокиселина повеќе

мн. аминокиселините
Вид збор: Именка, женски род
Аминокиселините (и Амино киселини) се основните единици од кои се изградени протеините.
Англиски: amino acid

амонијак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Безбојно гасно соединение на азот и водород; воден раствор на гасот.
Англиски: ammonia Албански: amoniak
Примери:
Сегашната светска продукција на азотни минерални ѓубриња првенствено се базира на синтетички амонијак.

амфетамин повеќе

мн. амфетамини
Вид збор: Именка, машки род
Синтетичка дрога што се користи како стимулативно средство.
Англиски: amphetamine

амфотеричен повеќе

амфотерични
Вид збор: Придавка
Молекули со особина да реагираат како киселина и како база.
Англиски: amphoteric
Примери:
Пектинот е амфотерично средство што значи дека делува во два правца и кога столицата е премногу ретка, успешно ја формира.

анализа повеќе

мн. анализи
Вид збор: Именка, женски род
Лабораториска постапка за утврдување на составот на некоја материја.
Англиски: analysis Албански: analizë
Примери:
Анализата на водата покажува присуство на тврди материи.

анализатор повеќе

мн. анализатори
Вид збор: Именка, машки род
Направа, апарат со кој се врши анализа.
Англиски: analyzer
Примери:
Анализаторот ги прикажува во проценти сите делови од оваа супстанција.

анилин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Безбојна отровна течност што се употребува за производство на бои и на разни органски соединенија.
Англиски: aniline

анјон повеќе

мн. анјони
Вид збор: Именка, машки род
Негативно електризирана честичка привлечена од анодата.
Англиски: anion
Примери:
Катјоните и анјоните имаат спротивни полнежи, па затоа меѓу нив дејствуваат силни електростатички привлечни сили.

антимон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Кристален металоид со сребренобела боја што се користи за изработка на легури и др.
Латински: Sb Англиски: antimony

антимонов повеќе

антимоновиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на антимон.
Примери:
антимонова руда

антиоксидант повеќе

мн. антиоксиданти
Вид збор: Именка, машки род
Молекула што ја спречува оскидацијата на други молекули.
Англиски: antioxidant
Примери:
Антиоксидантите можат да помогнат кај машката неплодност.

антрацен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Хемиско соединение кое се користи за производство на бои.
Латински: C14H10 Англиски: anthracene

аргон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
инертен гас
Латински: (Ar) Англиски: argon
Примери:
аргон заварувач

арсен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент, еден од најсилните отрови.
Латински: Arsenik (Аѕ) Англиски: arsenic

арсеник повеќе

арсеникот
Вид збор: Именка, машки род
Отровно соединение меѓу арсен и кислород.
Англиски: arsenic

астатин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
радиоактивен неметален елемент
Латински: (At) Англиски: astatine
Примери:
Вредноста за астатинот кај пченицата и пченката е пониска отколку вредностите на стандардот.

асфалт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид црна смола добиена како производ од нафта.
Англиски: asphalt Албански: asfalt
Примери:
Тие произведуваат асфалт во големи количини.

атхезија повеќе

мн. атхезии
Вид збор: Именка, женски род
Слепување на два различни молекула.
Англиски: adhesion

афинитет повеќе

мн. афинитети
Вид збор: Именка, машки род
Сила на хемиските елементи да се соединуваат меѓу себе.
Англиски: affinity Албански: afinitet, prirje

афион повеќе

мн. афиони
Вид збор: Именка, машки род
афионски катран
Англиски: opium Албански: opium
Примери:
Пие афион.

ацетат повеќе

мн. ацетати
Вид збор: Именка, машки род
Сол на винска киселина.
Англиски: acetate
Примери:
Прскање на централните улици со ацетат.

ацетилен повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Од калциум-карбид и вода добиен безбоен, горлив гас.
Англиски: acetylene

ацетон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Безбојна течност со силен мирис што служи за растворање бои, лакови и сл.
Англиски: acetone
Примери:
Без ацетон ноктите не би биле толку убави.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш