вет (прид.)

На челата под ветвите фесови им лежеше слава на злодејство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А таму, бре, ракија, бре туршија, бре татлија, бре нешто ветво, бре нешто ново, сѐ што ти душа сака!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Голем број геј- луѓе денеска се изгледа решени да ги подражаваат и да ги репродуцираат ветвите, регресивни општествени вредности на хетеросексуалната култура: семејството, верата, патриотизмот, нормативните родови улоги – она свето тројство на Kinder, Küche, Kirche.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Те гледам често во „Зона“, седиш со ветви мажи“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сликата е направена рано наутро; сонцето тукушто е изгреано; расцутените костени фрлаат сенка на патот кон полето; мајка му во едната рака држи срп, а во другата го држи Богдана за рака; таа е облечена во вет забан, ветва кошула и опинци на нозете; забрадена е со марама; лицето ѝ е предвремено овенато, ожебавено, со модри траги што времето и животот ги оставиле; очите без сјај, без радост; устата збигорена, без насмевка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Така, редескрипција - да додаде во сензорниот и моторниот области во било која систематски хибридните модели вет­ изменета област.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)