ти (чест.)

А тој, цело време да ти биде надвор и да нѐ гледа одозгора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цел ден што патував и на пладне стасав до едно поле и ево ти двајца луѓе маж и жена кај си косеа една ливада.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пливаш во парите, ја уживаш моќта но образот ти е избербатен беднику неподнослива реа се шири ко кочина од тебе лажлив контаминиран скоту Затни ја таа слаткоречива муцка биди за момент доблесен и признај колку ли гревови носиш со себе додека пред сите изигруваш светец
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
До пијалаците се – сусамките, печени бадеми, кикиритки што Ескимите не ги виделе ни во сон, прженици од печурки, па и тортата, толку убава што ти е жал да ја чепнеш, а не да и ги наковаш забите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Јас потскокнувам и си го прераскажувам сонот што треба да ти каже кое момче ќе го земеш, за кој човек ќе се мажиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се сетив дека си ја влечам болеста и тоа ти е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тој да ти биде убиен пред 30 години во Цариград.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ама тоа ти е, тури му пепел. Лангзам, олабави се и ти малку, додека се може! Инаку, имам стан, празен, не е далеку!...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А снегот таму ти е везден застанат пред врата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после пак ќе почне да се искачува и од златна лажица ќе срка, беше ми ти рекол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби со упорноста на зборовите Помеѓу коровот ќе издлаби патека По која ќе посакаш да поминеш и Ти.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Да ти е жал да ја гледаш жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кураж и само полека - мрмори човекот под нос - и макаршто ти тежи веленцето, ти продолжи си по правливиот пат сѐ додека не згасне горештината и не падне првата роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И човекот ти бил ко заграб слама.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А не смее ни лист да ти се скине, ни прст да си пресечеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, сега пред нив ми ти застанал човек со црвено лице и руса кадрава коса како од пламен, коса од која излегува густа, густа пара.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Толку многу да ти се уплашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите ти биле начнати од болеста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе