врзат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - заврзе плод.
Примери:
Овошката врза плод.
додржат
Вид збор: Глагол, свршен
Издржи, одржи, зачува до крај.
Примери:
Срцето не можеше да го додржи стравот.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да раѓа.
Примери:
Жената зараѓа, а немаше кој да ја однесе в болница.
Вид збор: Глагол, свршен
(се затрае) Додржи, издржи наплив на емоции.
Примери:
Одвај затраја да не викне.
зачнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зачне) се зароди
Примери:
Се зачна во него желбата да го измени светот.
здобијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се здобие) се роди
Примери:
По трите ќерки се здобија син.
издржат
Вид збор: Глагол, свршен
Докрепи, се држи да остане неоштетен.
Албански:
duroj, rezistoj, mbaj
Примери:
Покривот не ја издржа тежината на снегот.
издуднат
Вид збор: Глагол, свршен
Роди дете.
Примери:
Комшивкана издуднала уште едно пред некој ден.
Вид збор: Глагол, свршен
изнароди
Примери:
Откога се премажи, таа изнараѓа едно чудо деца.
износат
Вид збор: Глагол, свршен
За бременост - носи плод до крај, до времето за раѓање.
Албански:
mbaj, mbart
Употреба:
Медицина
Примери:
Невестата до крај го износи детето и лесно се породи.
изродат
Вид збор: Глагол, свршен
Роди, народи деца во голем број.
Примери:
Таа изроди едно чудо деца.
(се изроди) Заврши со раѓање.
крепат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поднесува, издржува определена тежина.
Примери:
Столбовите го крепат покривот.
мн. меци
Вид збор: Именка, женски род
мечка
Примери:
Баба меца.
мн. мечки
Вид збор: Именка, женски род
Крупно диво животно обраснато со кафеаво, црно или бело крзно, се одликува со тромавост на движењата.
Вид збор: Именка, машки род
Вид збор: Глагол, свршен
Роди многу деца.
Албански:
lind shumë fëmijë
(се нараѓа) Се задоволи, се засити, се измори од раѓање.
народат
Вид збор: Глагол, свршен
Роди многу, голем број (деца) или големо количество (грозје, плодови).
Примери:
Уште млади ќе се оженат и ќе народат седум-осум дена.
(се народи) Се роди многу, се намножи.
обродат
Вид збор: Глагол, свршен
(се оброди) Се роди во голем број.
Албански:
lind, shtohet nësasi të madhe
Примери:
Жито ти се обродило.
плодат
Вид збор: Глагол, несвршен
поднесат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поднесе) Се трпи, издржува заемно, еден со друг.
Примери:
Тие двајца не можат да се поднесат.
породат
Вид збор: Глагол, свршен
(се породи) За жена - роди, добие дете.
Примери:
Таа се породи.
преродат
Вид збор: Глагол, свршен
Роди изобилно род.
Албански:
bereqet i tepërt
Употреба:
Ретко
Примери:
Овошките оваа година преродија.
раѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава живот некому, добива сопствено дете.
Примери:
Раѓаше секоја втора година.
За женско животно - добива мало.
Примери:
Нивната крава раѓаше секоја година.
За дрво, растение, земја - дава плод.
Примери:
Јаболкницата повеќе не раѓаше.
(се) родат
Вид збор: Глагол, свршен
Донесува дете или младо на свет.
Примери:
Блазе и на мајка ти што те родила!
Вид збор: Глагол, несвршен
трпи, поднесува, прифаќа
Примери:
Вина сносат и новинарите кои не се доволно критички настроени.
трпат
Вид збор: Глагол, несвршен
Трае, издржува нешто во текот на подолго време.
Примери:
Тој трпи дури трпи, ама кога ќе се налути, страшен е.
поднесува
Примери:
Не можам него да го трпам.
(се трпи) Се поднесува меѓусебно.
Примери:
Тие двајца не се трпат.