забијат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши предавство, предаде некого.
Примери:
Му заби нож во грбот.
издадат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши предавство.
Примери:
Заробениот не ги издаде своите соборци.
накодошат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткаже, предаде, наклевети некого.
Турски:
kodoş
Албански:
spiunoj
Употреба:
Разговорно
Примери:
Го накодошиле дека им помага на христијаните.
одадат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткаже, издаде, предаде некого.
Албански:
lajmëroj tinzë, tradhtoj
Примери:
Тој ги одаде своите другари партизани.
окажат
Вид збор: Глагол, свршен
Открие, предаде тајна.
Примери:
Тој не е доверлив човек, ќе те окаже.
поткаже
Вид збор: Глагол, свршен
Тајно пријави, издаде некого.
Примери:
Тој ги поткажа на полицијата.
предадат
Вид збор: Глагол, свршен
Изневери, откаже верност, изврши предавство.
Примери:
Ја предаде земјата.
провалат
Вид збор: Глагол, свршен
Пробие, предаде обично тајна организација.
Примери:
Ја провалија организацијата, полицијата влезе сред состанокот.
продаде
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши предавство, предаде некого, изневери нешто.
Примери:
За малку пари ја продаде својата чест.