bore - онтологија

бактиса повеќе

Види и: боктиса (св.)
(се) бактисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му...) стане досаден, здодевен.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ми (се) бактиса оваа работа.

боктиса повеќе

боктисаат
Вид збор: Глагол, свршен
додее, досади
Турски: bıkmak
Употреба: Архаизам , Разговорно
Примери:
На сите им боктиса.

дави повеќе

дават
Вид збор: Глагол, несвршен
Досадува некому со зборување.
Албански: mërzit
Употреба: Разговорно
Примери:
Ги дави луѓето со своите приказни.

догрдее повеќе

догрдеат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане здодевно, неподносливо преку секоја мера.
Примери:
Му догрдеа веќе да ги слуша неговите совети.

додее повеќе

додеат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане здодевен, неинтересен, предизвика чувство на здодевност, монотонија.
Албански: mërzis, bezdis
Примери:
Си додеавме еден на друг, се знаеме напамет еден друг, нема ништо ново да се каже.

досади повеќе

досадат
Вид збор: Глагол, свршен
(св.) Предизвика чувство на досада, на непријатност, стане здодевен, неинтересен, неподнослив.
Албански: mërzit
Примери:
Разговорите на таа тема веќе му досадија.
(се досади, само несв.) Го поминува времето во досада, не знае што да прави.
Албански: mërzit
Примери:
Тие се досадуваа чекајќи го да дојде.
(ми, ти, му...се досади) Му се здодее, му се смачи од нешто.
Албански: mërzitet
Примери:
Ми се досади од учење непотребни работи.

досаѓа повеќе

Види и: досади (св.)
досаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
досадува

дотегне повеќе

дотегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му...) стане тежок, неподнослив; ми (ти, му...) здодее нешто.
Примери:
Му дотегнало од одењето на работа и дома.

задроби повеќе

задробат
Вид збор: Глагол, свршен
задрнка
Албански: mërzi

збоктиса повеќе

Види и: боктиса (св.)
збоктисаат
Вид збор: Глагол, свршен
боктиса
Турски: bıkmak
Употреба: Архаизам , Разговорно

здодева повеќе

Види и: здодее (св.)
здодеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
ми (ти, му...) се здодева (само 3. л. едн.) здодее
Примери:
Ним никогаш не им се здодева.

здодее повеќе

здодеат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане некој, нешто здодевен некому.
Албански: mërzitet
Примери:
Ми здодеа со твоите барања.
Стане некому здодевно.
Албански: mërzitet
Употреба: Безлично
Примери:
Ми здодеа да го чекам.
(се здодее) Не му е интересно повеќе.
Албански: mërzitet
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се здодеа да чекам.

здосади повеќе

здосадат
Вид збор: Глагол, свршен
досади, здодее
Употреба: Дијалектен збор
(се здосади) се досади, се здодее
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ми се здосади од чекање.

помасира повеќе

Види и: масира (несв.)
помасираат
Вид збор: Глагол, свршен
Здодева малку.
Примери:
Ајде уште малку остави го да те помасира со глупостите!

преџвака повеќе

преџвакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Повеќе пати повтори нешто, здодее со повторување на истата тема.
Албански: mërzit, bezdis
Употреба: Пејоратив , Преносно значење

скрвави повеќе

скрвават
Вид збор: Глагол, свршен
Здодее до крајна мера.
Албански: mërzit, bezdis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ми се скрвави и оваа работа.