влече
влечат; влечи, влечете; влечев, влечеа; влечел; влечен; влечејќи; влеков, влекоа; влекол, влекле
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1177
1.
Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината.
Примери:
Ловецот го влечеше отепаниот волк по снегот.
Трактори и коњи ги влечат тешките трупци од шумата до пиланата.
Влече гранки.
2.
Трга кон себе.
Примери:
Детето ја влечеше мајка си за унечка.
Рибарите ја влечеа мрежата полна со риби.
Слично со:
трга (несв.)
3.
Носи со својот тек, водотек.
Англиски:
carry
Албански:
sjell, tërheq
Реката влече дрвја и камења.
6.
Вовлекува, трга навнатре.
Англиски:
draw
Албански:
tërheq, ngrehë
Изморените патници ги влечат првите чадови и молчат.
Овој оџак влече добро.
7.
повлекува, исцртува
Примери:
Учениците влечеа со линијарот прави линии по белата хартија.
Слично со:
црта (несв.)
9.
(се влече) Тешко, споро се движи, ползи, лази.
Примери:
Ранетиот се влечеше.
Просјакот се влечеше по асфалтот.
По исушената трева се влечеше еден голем смок.
Слично со:
лази (несв.)
11.
(се влече) Се движи не одвојувајќи се од површината.
Англиски:
move
Албански:
zvarritem, lëvizë
Фустанот на невестата се влечеше по калниот пат.
Слично со:
влечка (несв.)
12.
(се влече) Е во љубовна врска со некого, подолго време.
Примери:
Се влече со неа три години.
Слично со:
оди (несв.)
Изрази
Влече некого за јазик - предизвикува некого на искажување.
Влече некого за нос - држи некого под свое влијание, под своја волја.
Срцето го влече по некого/по нешто - сака нешто, се интересира за нешто или некого.
Нешто го влече - нешто го привлекува, е заинтересиран за нешто.
Изведенки
влечење ср.
глаг. им.
глаг. им.