а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прејде

прејдат; прејди, прејдете; прејдов, прејдоа; прешол, прешле; прејдев, прејдеа; прејдел; прејден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5263
1. Помине, премине од една на друга страна.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Карванот ја прејде реката.
Таа ја прејде улицата.
Тие прејдоа во друг вагон.
2. Помине на нешто друго, поинакво од претходното; смени тема на разговор, дискусија и сл.
Англиски: change Албански: kaloj, ndryshoj, ndërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Професорот прејде на следното прашање.
Да прејдеме на следната точка од дневниот ред.
3. измами, излаже
Англиски: cheat Албански: mashtroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Го прејде, му ги зеде парите.
4. (се прејде) се излажа
Албански: mashtrohem
Примери:
Се прејде за таа работа.
Изведенки
1. преоѓа несв.
преоѓаат
2. преоѓање ср.
глаг. им.
3. прејдува несв.
прејдуваат
4. прејдување ср.
глаг. им.