contain - онтологија

збере повеќе

зберат
Вид збор: Глагол, свршен
Се смести во некаков простор (сад, просторија).
Албански: vendos
Примери:
Ќе ги збере ли патната торба сите алишта?

здржи повеќе

Види и: држи (несв.)
здржат
Вид збор: Глагол, свршен
За чувство - совлада.
Албански: mposht, mund
Примери:
Не избувна, ја здржа лутината.
(се здржи) се совлада, се сопре
Албански: përmbahem
Примери:
Одвај се здржа да не им каже в лице.

крие повеќе

кријат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има, содржи (носи, поседува) во себе нешто што не се забележува веднаш.
Албански: fsheh, përmban
Употреба: Преносно значење
Примери:
Атомот крие во себе огромна енергија.

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
Во математика - се содржи во некој број.
Албански: shkon, përmban
Употреба: Математика
Примери:
Во девет три оди трипати.

собере повеќе

соберат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3 л.) земе, прими, помести
Албански: nxë, pranon
Примери:
Собава ќе собере десет души.

совлада повеќе

совладаат
Вид збор: Глагол, свршен
За чувство - обузди.
Албански: mposht
Примери:
Го совлада гневот.

содржи повеќе

содржат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи во себе.
Албански: përmban
Примери:
Бурето содржи бензин.
Има, вклучува во себе.
Албански: përmban
Примери:
Статијата содржи драгоцени податоци.

фаќа повеќе

фаќаат
Вид збор: Глагол, несвршен
собира, прима
Албански: mbledh, pranoj
Примери:
Оваа бочва фаќа сто литра.