crash - онтологија

бапне повеќе

бапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Падне со тресок, грубо удри со тресок.
Албански: rrëzim
Примери:
Бапна наземи шишенцето.
(се бапне) Се тресне, се удри; нагло легне, се фрли на нешто.
Албански: hyri
Примери:
Се бапнав во вратата.

буфне повеќе

(се) буфнат
Вид збор: Глагол, свршен
Тресне, удри предизвикувајќи соодветен шум.
Албански: përplas
Примери:
Одејќи занесено тој буфна во затворената врата.

карамбол повеќе

мн. карамболи
Вид збор: Именка, машки род
судир, конфликт
Албански: karambol, konflikt
Употреба: Преносно значење

крах повеќе

мн. крахови
Вид збор: Именка, машки род
пропаст, катастрофа, целосен неуспех
Германски: Krach
Примери:
крах на финансискиот систем

крахира повеќе

крахираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Претрпи, претрпува, доживее, доживува крах.
Примери:
Банката крахира.

лом повеќе

мн. ломови
Вид збор: Именка, машки род
Насилно разделување на материјалот.
Албански: përplas
Силен и краток звук што се слуша при удар или кршење нешто.
Албански: përplasje
Примери:
Се слушна некаков лом, нешто големо се скрши.

налета повеќе

налетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Движејќи се брзо, удри во нешто, се судри.
Албански: përplaset
Примери:
Не можел да сопре и налетал на спуштената рампа.
Случајно, неочекувано сретне, наиде на некого, на нешто.
Албански: bie, përplaset
Примери:
Hалета на заседа.

прсне повеќе

прснат
Вид збор: Глагол, свршен
Се распадне со силен звук, со прскот.
Албански: përplas
Примери:
Некаде прсна бомба.

пука повеќе

пукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се распрсне од силен интензитет, од преполнетост и сл.
Албански: përplasje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Плакарите пукаат од облека.

смачка повеќе

смачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се смачка) се судри
Примери:
Се смачкаа два автомобила.

удри повеќе

удрат
Вид збор: Глагол, свршен
се чукне
Албански: përplas
Примери:
Автомобилот удри во ѕидот.
(се удри) се судри
Албански: përplas
Примери:
Војските се удрија.

урви повеќе

урват
Вид збор: Глагол, свршен
урне
Албански: përplas
Употреба: Дијалектен збор
(се урви) се урне
Албански: përplas
Употреба: Дијалектен збор

урива повеќе

Види и: урне (св.)
уриваат
Вид збор: Глагол, несвршен
симнува, падне
Албански: prishet, bie
Примери:
Ќе го уривал авионот.

урне повеќе

урнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се урне) се струполи, паѓа
Албански: përplasje
Примери:
Таванот се урна на нив.
(се урне) се стркала, падне
Албански: përplas
Примери:
Се урна долу.