(се) досетат
Вид збор: Глагол, свршен
Сфати, погоди, одгатне нешто, ја открие смислата или значењето на нешто.
Примери:
Се плашеше да не се досетат што наумил.
дотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Открие, расветли нешто.
Примери:
Сака да ја дотера до крај работата.
измислат
Вид збор: Глагол, свршен
Открие, создаде нешто ново.
Примери:
Група научници измислија нова вакцина против оваа болест.
изнајдат
Вид збор: Глагол, свршен
Најде, пронајде нешто што се бара.
Примери:
Ги изнајде роднините во големиот град.
Вид збор: Глагол, несвршен
исчепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Открие, дознае нешто.
Примери:
Успеав да исчепкам неколку важни информации.
набараат
Вид збор: Глагол, свршен
пронајде, открие
Примери:
Во песокот набара златен прстен.
набастисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пронајде, открие нешто или некого.
Примери:
Добро да ги скриеш парите да не ти ги набастиса некој.
наоѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се наоѓа) се открива, се наидува
Примери:
Овде понекогаш се наоѓаат стари артефакти.
откопаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пронајде нешто скриено.
Примери:
Од каде ги откопа тие податоци?
откријат
Вид збор: Глагол, свршен
Пронајде нешто во науката, дојде до откритие.
Примери:
Арапите ја откриле билката на кафето во провинцијата Кафа, во Етиопија.
Разоткрие вистина.
Примери:
Полицијата го откри скриеното оружје.
Наиде на нешто случајно, неочекувано.
Примери:
Децата секој ден откриваа коски од скелети во полето.
Вид збор: Глагол, свршен
Открие малку, донекаде нешто дотогаш незабележано.
Примери:
Дури сега го пооткрив квалитетот на тие производи.
пронајдат
Вид збор: Глагол, свршен
Со барање најде нешто што е загубено.
Примери:
Заради клучот целата куќа ја пребарав, ама на крајот го пронајдов.
Вид збор: Глагол, несвршен
сретнат
Вид збор: Глагол, свршен
Најде нешто, открие; види, узнае нешто при читање, испитување; испита дејство на нешто.
Примери:
Ги сретна нејзините очи.