збегаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разбега.
Албански:
ik, shpërndahet
Примери:
Јагнињата збегаа низ полето.
(се) изразбегаат
Вид збор: Глагол, свршен
Побегне на разни страни, во голем број.
Примери:
Сите се изразбегале кога се појавил падарот.
Вид збор: Глагол, свршен
Се разотидат многумина, сите.
Примери:
По настапот, салата се испразни и народот се поразотиде.
Вид збор: Глагол, свршен
Разреди, распореди малку, донекаде или уште малку.
Примери:
Таа ги поразреди учениците по клупите.
Вид збор: Глагол, свршен
Растури, расфрли на повеќе места, насекаде.
Примери:
Децата ги порастурија играчките.
(се порастури) се распушти, се разотиде
Примери:
Групата се порастури.
пренесат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пренесе) За болест, глас - се рашири, се разнесе.
Албански:
përhap, shpërndaj
Примери:
Многу бргу се пренесе веста за нејзината болест.
Вид збор: Глагол, свршен
се пронесе, се прочуе
Примери:
Веста брзо проструи низ градот.
развитлат
Вид збор: Глагол, свршен
размавне, разнесе
Примери:
Ветрот ги развитли листовите.
(се развитли) се размавне, се разнесе
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бега на разни страни.
Примери:
За миг се разлетавме сите.
разнесат
Вид збор: Глагол, свршен
развее, расее
Примери:
Облаците ги снема, ги разнесе ветрот.
(се) разотидат
Вид збор: Глагол, свршен
Отиде на разни страни, се разиде.
Примери:
Штом сврши натпреварот, веднаш се разотидовме.
разредуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Зголеми растојание меѓу одделни лица или предмети.
Примери:
Му заповедал да ги разреди децата.
(се разреди) Застане на поголемо растојание еден од друг.
Примери:
Ќе се разредат на по еден чекор.
расеат
Вид збор: Глагол, свршен
За тешки мисли и чувства - направи да исчезнат.
Примери:
За да го расее стравот.
распрснат
Вид збор: Глагол, свршен
Прсне на разни страни, растури.
Примери:
Ги распрсна синовите по светот.
растурат
Вид збор: Глагол, свршен
(се растури) се распрсне, се рашири, се разгласи
Примери:
Се растурија разни гласови.
фрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Во состав со именките сенка, светлина, зрак, лач - распространи, рашири, расее.
Примери:
Облакот фрли малку сенка на чистинката.
шират
Вид збор: Глагол, несвршен
(се шири) се раширува, се носи
Примери:
Болеста се шири.