exhaust - онтологија

ауспух повеќе

мн. ауспуси
Вид збор: Именка, машки род
Цевка за испуштање на искористените гасови кај автомобилите.
Германски: Auspuff
Употреба: Технологија

доисцеди повеќе

Види и: исцеди (св.)
доисцедат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе сѐ, до крај.
Албански: sosë, harxhoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Напорната работа ми ги доисцеди силите.
(се доисцеди) Потроши премногу, до крај сила и енергија.
Албански: sosë, harxhoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се доисцеди, сакајќи да им помогне на сите.

доисцрпи повеќе

Види и: исцрпи (св.)
доисцрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосема разгледа некое прашање, тема.
Албански: shterr deri në fund
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги доисцрпивме точките за овој состанок.

дососа повеќе

дососаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се дососа) Се заврши, се потроши нешто до крај.
Албански: harxhohet, soset
Примери:
Почини се малку, зар се дососаа дните.

замали повеќе

замалат
Вид збор: Глагол, свршен
премали
Примери:
Таа замали од плачење.

издуван повеќе

Види и: издува (св.)
издувни
Вид збор: Придавка
Што е издуван по користење.
Употреба: Екологија
Примери:
технички преглед на издувните гасови

измори повеќе

изморат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да стане, да биде премален, умори; исцрпи нечија сила досостојба на замор.
Албански: lodh, rraskapit
Примери:
Стопанот ги измори аргатите со прекумерните барања.

изнемошти повеќе

изнемоштат
Вид збор: Глагол, свршен
Губи моќ, физички заслабува.
Примери:
Болеста ги изнемошти старците.

изработи повеќе

изработат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изработи) Се исцрпи, се истроши со работа.
Албански: rraskapitem
Примери:
Мајка ми се беше изработила до крајни граници.

искилави повеќе

искилават
Вид збор: Глагол, свршен
(се искилави) Се премори, се сотре од голем напор.
Албански: rraskapitem
Употреба: Иронично , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ние се искилавивме од работа, а вие ни да прашате како сме.

истошти повеќе

истоштат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосема исцрпи, измачи некого.
Албански: lodhem, rraskapitem
Примери:
Болеста го истошти.

истроши повеќе

истрошат
Вид збор: Глагол, свршен
Исцрпи, измори, одземе некому енергија, сила.
Албански: shter
Примери:
Болеста сосема го истроши.
(се истроши) се исцрпи, се измори
Албански: lodhur
Примери:
Се истроши и многу ослабе работејќи во две смени.

исцрпи повеќе

Види и: црпи (несв.)
исцрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Потроши нешто.
Албански: zbraz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги исцрпивме резервите.
Целосно расправи некоја тема.
Албански: zbraz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Набрзо ги исцрпија темите на коишто можеа да разговараат.
Измори некого, потроши некому сила.
Албански: gajas
Примери:
Последниот испит многу го исцрпи.
(се исцрпи) Изгуби сила, се измори.
Албански: u lodh
Примери:
Се исцрпи организирајќи ја забавата.

капе повеќе

капат
Вид збор: Глагол, несвршен
Cе преморува, ослабнува физички.
Албански: shter
Примери:
Многу сум уморен, капам за спиење.

капне повеќе

капнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се премори, ослабне физички.
Албански: rraskapit, këput
Примери:
Мускулите му капнаа, во нив снага веќе не остана.

клекне повеќе

клекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Физички ослабне, изнемошти.
Албански: raskapit
Примери:
Тој веќе остаре, клекна под товарот на годините.

малакса повеќе

малаксаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби сила, издржливост.
Примери:
Му се слоши и наеднаш малакса.

омаломошти повеќе

омаломоштат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби сила, ослабне, изнемошти.
Примери:
Во тој миг допре до него и го омаломошти мекиот глас на момчето.

папса повеќе

папсаат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) малакса, омале, премале
Албански: lodh, raskapit
Примери:
Снагата му папса.
(преод.) малакса, омале, премале
Албански: lodhem, raskapitem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги папсал коњите.

папсува повеќе

Види и: папса (св.)
папсуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(непреод.) малаксува
Албански: lodhem, raskapitem

подизмори повеќе

Види и: измори (св.)
подизморат
Вид збор: Глагол, свршен
Измори малку, донекаде.
Примери:
Тој ги подизмори аргатите што му го копаа лозјето.
(се подизмори) Се измори малку, донекаде.
Примери:
Се подизморивме работејќи, па седнавме малку да се одмориме.

постане повеќе

постанат
Вид збор: Глагол, свршен
изнемошти, премали, се измори
Албански: rraskapit
Примери:
Двете нозе и постанале од долгото одење.

прекапе повеќе

прекапат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде во состојба на немоќ поради замор, студ итн.
Албански: lodhje e tepërt
Примери:
Прекапав од работа.

претепа повеќе

Види и: тепа (несв.)
претепаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се претепа) Се премори, премали од нешто.
Албански: këpus, rraskapit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се претепа од работа.

преумори повеќе

преуморат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно, многу умори.
Албански: stërlodh
Примери:
Патувањето го преумори.
(се преумори) Стане многу уморен.
Албански: stërlodhem
Примери:
Се преуморил од работа, има несвестица.

раскилави повеќе

раскилават
Вид збор: Глагол, свршен
Премори од многу работа.
Албански: rraskapit, këpus
Употреба: Преносно значење
Примери:
Доста работевме, нѐ раскилавивте.
(се раскилави) Се раскине од работа.
Албански: rraskapitem, këputem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се раскилави од работа.

раскине повеќе

раскинат
Вид збор: Глагол, свршен
Премори, скине од многу работа.
Албански: rraskapitem, këputem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го раскинавте од работа.
(се раскине) се премори
Албански: rraskapitet
Примери:
Се раскина од работа.

раскости повеќе

раскостат
Вид збор: Глагол, свршен
Премори од многу работа, скине.
Албански: prish, rraskapit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го раскостија сиромавиот.
Премори се од многу работа, се скине.
Албански: prish, rraskapit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Да заврши еднаш, се раскостив веќе.

раслаби повеќе

раслабат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого слаб, без сила.
Примери:
Болеста многу го раслаби.

раслабува повеќе

Види и: раслаби (св.)
раслабуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
раслаби

растргне повеќе

растргнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се растргне) Се премори, се скине од работа.
Албански: lodhem, rraskapitem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се растргнав на сите страни.

расчепи повеќе

расчепат
Вид збор: Глагол, свршен
Премори некого од многу работа.
Албански: lodhë
Употреба: Преносно значење
(се расчепи) се премори
Албански: lodhë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се расчепи од работа.

сосипува повеќе

Види и: сосипе (св.)
(се) сосипуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се изморува, се истрошува.
Албански: raskapitem, lodhem

сотре повеќе

сотрат
Вид збор: Глагол, свршен
(се сотре) се запусти, се измачи, се отепа, се скапе
Албански: rraskapit
Примери:
Се сотре копајќи.

стопи повеќе

стопат
Вид збор: Глагол, свршен
сосипе, истошти, уништи
Албански: shter
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го стопија мислите по неа.
(се стопи) се сосипе, се уништи, се истошти
Албански: shter
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се стопи од мака.