force - онтологија

втера повеќе

втераат
Вид збор: Глагол, свршен
(се втера) Сосила или на друг начин се вовлече некаде.
Албански: detyroj
Примери:
Ни се вовлекоа во четите, некаде и во штабовите се втераа.

држи повеќе

држат
Вид збор: Глагол, несвршен
Принуди некого на определена положба или состојба.
Албански: mbaj, ruaj
Примери:
Го држеле две недели во притвор.

дупне повеќе

дупнат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера, наведе на нешто.
Албански: çoj, shpie
Употреба: Преносно значење
Примери:
Што те дупнало рано ранум во недела?

изнасили повеќе

Види и: насили (св.)
изнасилат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера, принуди некого да направи нешто против својата волја.

исфорсира повеќе

Види и: форсира (св. и несв.)
исфорсираат
Вид збор: Глагол, свршен
Засили, забрза некоја работа.
Албански: përshpejtoj, përfocoj
Примери:
Ќе ја исфорсираме работата и ќе завршиме наредната недела.

мачи повеќе

мачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Присилува, принудува на напор.
Албански: mundon
Примери:
Не мачи го човекот, болен е.

навтера повеќе

навтераат
Вид збор: Глагол, свршен
Со сила, со притисок втера многу нешта (во торба, куфер и др.)
Албански: fus, trus

насили повеќе

насилат
Вид збор: Глагол, свршен
Присили, принуди некого.
Албански: detyroj, imponoj
Примери:
Никој не го насили, сам реши да се оддели од нас.

натера повеќе

натераат
Вид збор: Глагол, свршен
Принуди некого на нешто.
Албански: detyroj
Примери:
Го натера да ја заврши работата.
(се натера) Се принуди на нешто.
Албански: detyroj
Примери:
Одвај се натера да стане.

натиска повеќе

натискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
принудува, присилува
Албански: detyroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од сите страни натискаа учителот да се врати на работа.

натисне повеќе

натиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Принуди, присили некого.
Албански: detyroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го натиснаа да им каже се што знае.

опне повеќе

опнат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, наметне нешто на сила.
Албански: detyroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Багажот мене ми го опнаа да го носам.
Натера, принуди некого да работи, да прави нешто.
Албански: detyroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Ех, да ги опнам малку на сонце, та малку да пожнијат, ќе заборават каде им е главата, а каде нозете.

понатисне повеќе

Види и: натисне (св.)
понатиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Притисне малку или уште малку некого да попушти.
Албански: shtrëngoj, detyroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе го понатиснам и тој ќе мора да ми каже се.

потера повеќе

потераат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера, принуди некого да изврши нешто.
Албански: detyroj, shtyej
Примери:
Потерај го син ти да го врати тоа што го зеде.

потстегне повеќе

потстегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Присили некого на нешто.
Албански: forcoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Потстегни го, ќе каже.

приклешти повеќе

приклештат
Вид збор: Глагол, свршен
Притисне од сите страни, добеде во тесно, во безизлезна ситуација.
Албански: shtërngoj
Примери:
Лично јас го приклештив да се согласи со нас.

примора повеќе

Види и: мора (несв.)
примораат
Вид збор: Глагол, свршен
принуди, присили
Српски: приморати
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Бевме приморани да го прекинеме патувањето.

принуди повеќе

принудат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого на нешто, присили.
Албански: detyroj
Примери:
Го принуди да му го вратат долгот.
(се принуди) Се натера на нешто, се присили.
Албански: detyroj
Примери:
Одвај се принуди да стане.

присили повеќе

присилат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера со сила некого на нешто, принуди.
Албански: detyroj
Примери:
Го присилија да ги напуштат домовите.
(се присили) Се принуди некој на нешто.
Албански: detyroj me forc
Примери:
Таа се присили да ги задржи солзите.

сила повеќе

мн. сили
Вид збор: Именка, женски род
Способност да се произведува некоја работа, енергија.
Примери:
центрифугална сила
(обично мн.) Нешто што може да се јави како извор на некоја енергија.
Примери:
природните сили
(обично мн.) Општествена група со некои карактеристични признаци или правец во својата дејност) реакционерни сили.
Примери:
револуционерни сили
(само мн.) војска
Примери:
вооружените сили

сили повеќе

силат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тера со сила.
Албански: forcë
Примери:
Го сили да ја изврши задачата.

тера повеќе

тераат
Вид збор: Глагол, несвршен
Во реченици со сврзникот „да“ - наговара, наведува, присилува.
Албански: detyrojë
Примери:
Вие ме теравте да се омажам за него.

форсира повеќе

форсираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
засили, засилува, забрза, забрзува
Албански: forsoj, shpejtoj
Примери:
Ја форсираа работата.

форца повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сила
Употреба: Разговорно
Примери:
Дај му форца, забрзај го.