hurry - онтологија

брза повеќе

брзаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Настојува да изврши некакво дејство за што покусо време.
Албански: shpejtoj, nxitoj
Примери:
Таа брзаше да ги нахрани свињите.
Брзо се движи.
Албански: nxitoj
Примери:
Стариот чауш брзаше по патот.
Настојува некој брзо да извршува некоја работа, брзо да се движи.
Албански: nxitoj
Примери:
Командирот нѐ брзаше сите за да стигнеме уште неразденето на целта.
(се брза) Се обидува да изврши некакво дејство во што покус рок.
Албански: ngutem, nxitoj
Примери:
Тој се брзаше да заврши со работата.
(се брза) Настојува да биде брз.
Албански: ngutem, nxitoj
Употреба: Безлично
Примери:
Му (ми, ти...) се брза.

брзаница повеќе

мн. брзаници
Вид збор: Именка, женски род
Дејство што се одвива со голема брзина, со брзина поголема од вообичаеното, со брзање, со итање.
Примери:
Со брзаница се врати.

вјаса повеќе

вјасаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брза, брзо врши некое дејство.
Албански: shpejton
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој во се вјаса, но никогаш навреме да стаса.
Брзо оди.
Албански: shpejton
Употреба: Разговорно
Примери:
Командирот вјасаше пред колоната.
(се вјаса) се брза
Албански: shpejton
Употреба: Разговорно
Примери:
Тие се вјасаа многу.

граби повеќе

Види и: грабне (св.)
грабат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Брза, брзо оди.
Албански: shpejtoj, nxitoj
Примери:
Младичот, забрзан, грабеше по ридот нагоре.

доита повеќе

доитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде со итање, со брзање.
Примери:
Таа доита кај мене да ми ја каже веста.

забрза повеќе

забрзаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се забрза) Почне да се брза.
Албански: përshpejtohem
Примери:
Тој поцрвене и се забрза.

завјаса повеќе

Види и: вјаса (несв.)
(се) завјасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вјаса.
Албански: ngut, shpejton
Употреба: Разговорно
Примери:
Децата завјасаа по патот.
Натера да вјаса, да побрза.
Албански: ngut, shpejton
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој ги завјаса работниците до вечер се да завршат.

заграба повеќе

заграбаат
Вид збор: Глагол, свршен
забрза, заита
Албански: shpejtoj, nxitoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Како мечка заграба по меѓата и за миг се најде горе.

заита повеќе

Види и: ита (несв.)
заитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ита, да брза.
Албански: ngutet, shpejton
Примери:
Тој заита по патот.
поита, побрза
Албански: shpejton, ngutet
Примери:
Децата заитаа накај него.

ита повеќе

итаат
Вид збор: Глагол, несвршен
брза
Примери:
Итавме кон југ, два дена без да запреме.

итаница повеќе

мн. итаници
Вид збор: Именка, женски род
итање, брзање
Примери:
Во итаницата се удри со лицето во вратата.

повјаса повеќе

Види и: вјаса (несв.)
повјасаат
Вид збор: Глагол, свршен
вјаса
Употреба: Разговорно
Примери:
Повјаса со него да ја помине реката.

поита повеќе

Види и: ита (несв.)
поитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ита, забрза, побрза малку или уште повеќе.
Примери:
Поитајте за да го стигнеме автобусот.

стрча повеќе

Види и: трча (несв.)
стрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Забрзано упати негде.
Албански: nxitoj
Примери:
Мајката потрча по скалите.