мн. вицеви
Вид збор: Именка, машки род
Шега, досетка, анегдота, смешна мала приказна.
Примери:
политички виц
мн. досетки
Вид збор: Именка, женски род
Духовит збор или забелешка, закачка, шега.
Примери:
Наеднаш се присети на некаква досетка.
мн. дупачлаци
Вид збор: Именка, машки род
потсмев, мајтап
Примери:
Добар е за правење дупачлаци.
дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се дупи) Се подбива со некого.
Примери:
Сите се дупат со него.
исмеат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исмее) Се шегува со некого.
Примери:
Му се исмеа на неговата фризура.
мн. лакрдии
Вид збор: Именка, женски род
шега
Примери:
Вам ви дошло до лакрдии.
мн. мајтапи
Вид збор: Именка, машки род
шега, подбив, потсмев
Примери:
Си играат мајтап со него.
(се) мајтапат
Вид збор: Глагол, несвршен
Cе шегува, се подбива, се потсмева.
Примери:
Тој се мајтапеше со нас.
мн. марифети
Вид збор: Именка, машки род
шега
Примери:
Цела вечер изведуваше марифети и ги смееше.
мн. маскари
Вид збор: Именка, женски род
шега, подбив
Турски:
maskara
Албански:
maskara
Употреба:
Разговорно
Примери:
Си правеше маскара со него.
мотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мота) Тера шега со некого, се подбива.
Примери:
Cе мота тој со тебе.
мн. мотаници
Вид збор: Именка, женски род
шега, подбив
Примери:
Каква е оваа мотаница.
насмеат
Вид збор: Глагол, свршен
(се насмее) Се пошегува, се потсмее со некого.
Примери:
Се криеше од другите, и беше страв да не и се насмеат.
Вид збор: Именка, женски род
шега
Примери:
(разг.) за пеза
Вид збор: Глагол, несвршен
се пошегува, се шегува
Примери:
Не се подбивај со мене!
Вид збор: Глагол, свршен
(се подрапа) Се подбие шега со некого.
(се) пошегуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи шега.
Албански:
bëj shaka, tallem
Примери:
Не трпи ни да се пошегуваш со него.
раздрапаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се раздрапа) Се потсмева некому, се шегува на нечија сметка
Примери:
Кога ќе се раздрапа тој, да пукнеш од смеа.
(се) размајтапат
Вид збор: Глагол, свршен
Се шегува, се подбива, се потсмева, се мајтапи повеќе или уште повеќе.
Примери:
Младите девојки се размајтапија.
мн. смеи
Вид збор: Именка, женски род
шега, виц
Примери:
Ги исцрпивме и прикаските и смеите, па легнавме да спиеме.
мн. смешки
Вид збор: Именка, женски род
Весела приказна.
Примери:
Расправаше смешки.
(се) спрдачат
Вид збор: Глагол, несвршен
се мајтапи, се подбива, се шегува
Примери:
Ние тука се спрдачиме.
мн. цепки
Вид збор: Именка, женски род
мн. шаки
Вид збор: Именка, женски род
шега
Примери:
Не знае за шака.
мн. шашми
Вид збор: Именка, женски род
забуна, шега, несериозно нешто
Примери:
Таа прави само некои шашми.
мн. шеги
Вид збор: Именка, женски род
Зборови кажани или постапка направена за смеа, за развеселување и сл.
Примери:
За сето време тој ни правеше шеги.
мала, ситна работа
Примери:
Ова е шега за мене, со една рака ќе го кренам.
(се) шегачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тера шега со некого или нешто.
Примери:
Се шегачевме царски, ама беше смешно, ама беше весело, луѓе!
(се) шегуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кажува, прави шеги.
Примери:
Сношти беше тој многу весел: раскажуваше, се смееше, се шегуваше.
Тера, се бие шега со некого.
Примери:
Јас не дозволувам со мене да се шегувате.
Говори, прави нешто на шега, несериозно.
Примери:
Се шегува, нема да те казни.
Само со негација: не се шегува - постапува, работи сериозно, енергично, како што треба.
Примери:
Учи, бре синко, не шегувај се!
(се) шенгаат
Вид збор: Глагол, несвршен
се шегува, се подбива, се подигрува
Примери:
Се шенга со тебе.
(се) шенголкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
шега, подбив
Примери:
Си игра шенгуле со детето.
шеретуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тера шеретлак.
Примери:
Дедото си го чури лулето и шеретува со неколку старци.