Вид збор: Глагол, свршен
Изучи до крај некоја дејност, училиште, степен на образование.
Примери:
Диме го доизучи ковачкиот занает кај друг мајстор.
Вид збор: Глагол, свршен
Учи до крај, добро изучи некаков занает.
Примери:
Си го доиспекол занаетот како што треба.
доучат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со учењето на определена школа, занает и сл.
Примери:
Тој ниеден занает не доучил.
запознаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се запознае) Се здобие со извесно знаење за некого или за нешто.
Примери:
Тој се запозна со стопанските проблеми на градот.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да учи.
Примери:
Заучи нов занает.
Тргне во училиште.
Примери:
Малото девојче порасна, заучи во прво одделение.
Вид збор: Глагол, свршен
Научи многу работи одеднаш, или едно по друго.
Албански:
mësoj shumë, të gjitha
Примери:
Тој изнаучи повеќе занаети.
(се изнаучи) Се научи многу, прими многу знаење.
Примери:
Децата изнаучија многу нова песнички.
изучат
Вид збор: Глагол, свршен
Со учење усвои нешто добро.
Примери:
Тој го изучи англискиот јазик.
научат
Вид збор: Глагол, свршен
Со учење усвои нешто добро, целосно.
Примери:
Покрај кирилицата, ја научиле и латиницата.
Узнае, дознае нешто.
Примери:
Му беше тешко што не можеше нешто да научи за судбината на другарите.
Навикне на нешто.
Примери:
Ти си научил да се смееш и кога не треба.
(се научи) Усвои некакво знаење, вештина и сл.
Примери:
Се научи да пишува.
(се научи) Добие некаков навик, се навикне на нешто.
Примери:
Се научи да пуши.
образоваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се образова) Добие, добива образование, се школува.
Примери:
Најголем број студенти се образоваат на државните универзитети.
пече
Вид збор: Глагол, несвршен
учи, изучува
Примери:
Три години го пече чевларскиот занает.
Вид збор: Глагол, свршен
Научи, усвои знаење малку, донекаде.
Примери:
Тој поднаучил германски.
(се поднаучи) Се научи, усвои некакво знаење малку, донекаде.
Примери:
Се поднаучивме како се одгледува тутун.
Вид збор: Глагол, свршен
Учи малку, кратко време.
Примери:
Подучи неколку дена и се јави на испит.
(се подучи) Се научи малку, донекаде.
Примери:
Се подучи да шие и плете на машина.
поучат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поучи) Прими поука.
Примери:
Се поучив од нивните грешки.
Учи нешто.
Примери:
Поучив француски.
Учи на училиште.
Примери:
Поучив некоја година, ме извади татко ми за на дуќан.
Учи малку.
Примери:
Поучи уште малку, па ќе си играш.
(се поучи) Се учи малку.
Примери:
Поучи се малку од постарите.
приучат
Вид збор: Глагол, свршен
Учи нешто малку или уште малку.
Примери:
Приучи уште малку и јави се на испит.
учат
Вид збор: Глагол, несвршен
(со предмет) Се здобива со некакви знаења, усвојува, совладува нешто.
Примери:
Го учам францускиот јазик.
(со предмет) Учи напамет, повторува за да запомни.
Примери:
Ја учам својата најнова улога.
(се учи) Се здобива со знаење за нешто, усвојува некакво знаење, умеење.
Примери:
Се учи да зборува.
чујат
Вид збор: Глагол, свршен
Со слушање узнае.
Примери:
Чув дека си тука. Ја кажи, да чујам.