а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дигне

дигнат; дигни, дигнете; дигнав, дигнаа; дигнал; дигнат; дигнев, дигнеа; дигнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2510
1. Помести некого или нешто од пониска на повисока положба.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Го дигна детето.
Ја дигна книгата од подот.
Дигна раце.
2. Исправи, постави нешто како што стои или како што треба да стои.
Англиски: raise Албански: drejtoj
Примери:
Дигни го столот.
3. Изгради, постави, подигне нешто на земјата, на подлога (куќа, монтажен објект, шатор).
Англиски: erect Албански: ndërtoj
Примери:
Многу брзо ја дигнаа куќата.
4. Скорне некого што седи, што е на некое место.
Англиски: raise Албански: zgjoj
Примери:
Ги дигна децата за да седне.
Го дигна од работа.
5. Разбуди, скорне некого од спиење.
Англиски: wake up Албански: zgjoj
Примери:
Го дигнаа во три часот по полноќ.
6. украде, ограби
Англиски: steal Албански: vjedh
Употреба: Разговорно
Примери:
Го запреле и му ги дигнале парите.
7. Покачи, зголеми (цена, брзина).
Англиски: increase Албански: ngrit
Примери:
Многу ја дигнал цената на пиперките.
8. (се дигне) Се крене на повисоко.
Англиски: rise Албански: rritet
Примери:
Гулабите се дигнаа до облаци.
Маглата се дигна.
Сонцето се дигна.
9. (се дигне) Се исправи, потстане, стане.
Англиски: rise Албански: zgjatet
Примери:
Одвај се дигна на нозе.
Детето се дигна на раце.
10. (се дигне) Се покачи, се зголеми (температура, притисок).
Англиски: increase Албански: rrit
Примери:
Идниот ден му се дигна температурата на 40 степени.
Изрази
Дигне бунт (востание) - започне да се бунтува; започне востание.
Дигне врева - почне силно да се расправа.
Дигне глава - се охрабри; се побуни.
Дигне прашина - предизвика за нешто многу да се зборува, да се пишува.
Дигне раменици - покаже дека не знае.
Дигне чаша - наздрави.
Изведенки
1. дигнува несв.
(се) дигнуваат
2. дигнување ср.
глаг. им.