а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

издига

издигаат; издигал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5859
1. Крева, крене нагоре, виши, извиши.
Англиски: rise Албански: ngrit
Примери:
Орелот ја издига желката високо над карпите.
Таа го издига јајцето до висина на нивните усти и го залулува конецот.
2. Изѕида, изгради во височина.
Англиски: build Албански: ndërtoj
Примери:
Многу брзо ја издигаа куќата.
3. Земе сè што може да се земе од некаде, наеднаш, со брзање.
Англиски: steal Албански: merr
Употреба: Разговорно
Примери:
Бегалците издигале сè од куќата и заминале.
4. Украде, земе насила.
Англиски: steal Албански: vjedh
Употреба: Разговорно
Примери:
Крадците ја издигале сета покуќнина и избегале.
Го издигаа тутунот и го пренеле преку граница.
5. Искупи, искупува сѐ, до крај.
Англиски: empty Албански: zbraz
Употреба: Преносно значење
Примери:
По веста за поскапувањето, издигале сè од дуќаните.
6. Прави да се чувствува важен, значаен, да има високи квалитети.
Англиски: lift Албански: barshëm
Примери:
Идеалот за слобода го издига борецот до невидени висини.
Таа сила од правта го издига бедниот.
7. (се издига) Се виши, се извишува, стои високо.
Англиски: rise Албански: ngrit
Примери:
Над селскиот пат се издига еден голем рид.
8. (се издига) Се крева, се движи нагоре.
Англиски: rise Албански: ngrit
Примери:
Чадот од цигарите се издигаше нагоре.
Изведенки
издигање ср.
глаг. им.