live - онтологија

дише повеќе

дишат
Вид збор: Глагол, несвршен
Живее, постои, покажува знак на живот.
Албански: jeton
Употреба: Преносно значење
Примери:
Градот дише сиромашки.

доживее повеќе

доживеат
Вид збор: Глагол, свршен
Жив дочека до некои години, до некоја старост.
Албански: jetoj, arrij
Примери:
Доживеа длабока старост.

живее повеќе

живеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Постои, суштествува како жив организам, жив е.
Српски: живети Албански: jeton Бугарски: живея
Примери:
Нема повеќе волја да живее.
Го поминува животот на некаков начин, под некакви услови.
Албански: jeton
Примери:
Тој живее без жена.
Живее за некого, за нешто; за некоја цел.
Албански: jeton
Примери:
Тие живеат само за своите деца.
Се издржува од нешто.
Албански: mbështetet
Примери:
Живее од тутун.
Се согласува, е во добри односи со некого.
Албански: jeton
Примери:
Тие си живееја убаво еден со друг.

заживее повеќе

Види и: живее (несв.)
заживеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да живее некаде.
Албански: jeton
Примери:
Заживеа далеку од луѓето.

носи повеќе

носат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се носи) Живее, се држи, постапува на определен начин.
Албански: mbahem me
Примери:
Тој сметаше дека секој може да се носи по свој ќеф.

поживее повеќе

Види и: живее (несв.)
поживеат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине живот, обично проживее убаво.
Албански: jetoj mirë
Примери:
Поживејте ја младоста зашто иде староста!
Живее некое време или помине некаде еден период од животот.
Албански: jetoj, kaloj jetën
Примери:
Тој поживеа сто години.

понаживее повеќе

Види и: наживее (св.)
(се) понаживеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наживее, проживее долг и убав живот.
Примери:
Барем се понаживеа убаво.

проживее повеќе

проживејат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине животен век.
Албански: jetoj, kaloj jetën
Примери:
Проживеа мачен живот.

светува повеќе

Види и: свет (м.)
светуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
живее, егзистира
Употреба: Поетски збор
Примери:
Дури свет светува, дури сонце грее, ќе се слуша песна радост ќе се слива.

стори повеќе

сторат
Вид збор: Глагол, свршен
(се стори) живее
Албански: ekzistoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Од тој ден жив не се стори.

суштествува повеќе

суштествуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
живее
Албански: jeton, ekziston
Примери:
Татко им веќе не суштествуваше.