Вид збор: Прилог
Уште, дополнително.
Примери:
Дедото имаше осумдесет години и згора.
мн. плусови
Вид збор: Именка, машки род
При оценување в училиште - малку повеќе од оцената означена со цифра.
Примери:
Добив три плyс на писмената задача од математика.
Вид збор: Честичка
За правење компаратив кај придавки и прилози.
Примери:
поубав
Вид збор: Прилог
Компаратив од многу.
Примери:
Колку повеќе се оддалечуваше од селото, толку потешко му беше.
Понатаму од даден момент.
Примери:
Не одеше повеќе таму.
Вид збор: Прилог
веќе, повеќе
Примери:
Јас вака понатаму не можам.
Вид збор: Прилог
Давање предност на едно наспрема друго.
Примери:
За мене тоа е поскоро успех одошто неуспех.
Вид збор: Прилог
веќе, повеќе
Примери:
Тој кимна со главата и не смееше потаму да праша за таа работа.
Вид збор: Прилог
Означува придоаѓање, додавање ново количество кон даденото или повторување на означеното дејство.
Примери:
Уште десетина души дојдоа, откако си отиде ти.
Временски - додавање, продолжување и определување на времето од еден даден момент.
Примери:
Остани уште денеска.
При компаратив - за засилување.
Примери:
Сестра ѝ е уште поубава.