закосат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да коси.
Примери:
Закоси на другата страна од ливадата.
искосат
Вид збор: Глагол, свршен
Исече трева, детелина со коса, заврши со косење.
Примери:
Дедо ми ја искоси ливадата.
испокосат
Вид збор: Глагол, свршен
Искоси целосно, сè.
Примери:
Ја испокосил ливадата, на неа не останало ни цветче.
косат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сече трева, жито cо коса или со косилка.
Примери:
Коси жито.
Убива масовно.
Примери:
Војната коси луѓе.
За ветер - носи со сета сила.
Примери:
Луњите коселе сѐ пред себе.
накосат
Вид збор: Глагол, свршен
Со косење добие доволно количество.
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине некого во косење.
Примери:
Тој сите ги наткоси.
Окоси повеќе од определено количество или од определена површина.
Вид збор: Глагол, несвршен
откосат
Вид збор: Глагол, свршен
Со косење одземе, отстрани определено количество.
Вид збор: Глагол, свршен
Искоси трева малку, донекаде.
покосат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши косење.
Примери:
Тој ги покоси тукушто потераните млади стебленца.
Коси малку, кратко време.
Примери:
Покоси малку, се измори и седна.
Уништи, истреби; изумре од болест, епидемија и сл.
Албански:
çfaros, kosit, zhduk
Примери:
Чумата покоси неколку села.
поткосат
Вид збор: Глагол, свршен
Пресече, потсече како со коса.
Примери:
Дрвјата наоколу беа поткосени.
Окоси малку, донекаде.
Примери:
Тој ја поткоси тревата во дворот.
прекосат
Вид збор: Глагол, свршен
Повторно окоси во истата година.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да коси
Примери:
Најпосле и тој се раскоси.
скосат
Вид збор: Глагол, свршен
Среже со коса трева и сл.
Примери:
Ја скосија тревата на ливадата.