neck - онтологија

врат повеќе

мн. вратови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од телото кај човекот и животните што ја поврзува главата со трупот.
Српски: врат Албански: qafë Бугарски: врат
Употреба: Анатомија
Примери:
Таа си играше со свирчето што и висеше на вратот.
Стеснет дел на некој предмет (на стомна, на виолина), обично што може да се префати со рака.
Албански: qafë. grykë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Вазна со долг врат.

гуша повеќе

мн. гуши
Вид збор: Именка, женски род
Преден дел од вратот.
Албански: qafë
Употреба: Анатомија
Примери:
На гушата носеше убав ѓердан.

шија повеќе

мн. шии
Вид збор: Именка, женски род
Дел од телото на човек или на животно што ја спојува главата со трупот.
Албански: qafë Бугарски: шия
Употреба: Анатомија
Примери:
Тој имаше црвен шал околу шијата.
Задниот дел од вратот.
Употреба: Анатомија